Житни плочки од портокал со прелив од чоколадо
Антиоксидант житната плочка е микс од крцкави житарици и портокал збогатени со витамините А, Ц и Е, делумно прелиен од темно чоколадо. Одлична слатка закуска со природни антиоксиданти, неопходни за вашиот организам да го постигне идеалниот природен баланс.
“Кај нас се става на маргините на секојдневниот живот начинот на исхрана и важноста од здава ужина. Многу малку се зборува за бенефитите на здравата ужина – високата хранливост, витамините и извор на енергија. Исто така здравата ужина овозможува да се регулира метаболизмот, а со тоа да се подобри целокупното функционирање на организмот. Што со еден збор значи подобар имунитет. Оттаму и идејата да се создаде нови производи со одличен вкус, но што го носи предзнакот здрава храна. Житните плочки се погодни за деца, тинејџери, возрасни, трудници, спортисти и сите кои се грижат за своето здравје“, изјави Нела Деспотовска, нутриционист од Виталиа.
Деспотовска додаде дека се уште треба да се работи на едукација на населението за здравиот начин на исхрана. „Едукацијата е особено важна со оглед на тоа што сите анализи укажуваат дека секојдневниот стрес и темпото на живот многу малку дозволуваат секој од нас да внимава на исхраната. Но сепак, токму таа е основа на нашето здравје и од неа зависат многу нешта, затоа треба да се внимава во исхраната“, изјави Деспотовска.