• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Амарант снегулки

Култувурано растение од Ацтеките, денес  расте и се одгледува во Африка, Индија, Кина и Русија.

Важен аспект за овие жита е фактот што се безглутенски производ.  Се карактеризира со бледо жолта боја на зрно. Составот на зрното е исклучително густ што го прави ова растение тешко за употреба, затоа се користи во комбинација со други растенија за полесна консумација.

Амарантот ги завзема предните лини на пазарот со здрава храна поради својата извонредна хранлива вредност. Богат со минерали како калциум, фосфор и каротеноиди. Се карактеризира со високо ниво на протеини.

Амарант снегулките се одличен извор на лизин-аминокиселина.Оваа аминокиселина се одликува со лесна абсорбција во човековото тело. Дел од составот завземаат аминокиселините албумин и глобулин- лесно се раствораат во организмот. Има највисоко ниво на железо во споредба со другите претставници на житни култури. Изобилува со растителни влакна- кои ја регулират цревната флора во организмот.

Пријатен и благонаклонет состав поради тоа што содржи манган и ниско ниво шеќери. Нивото на калциум во амарант е 3 пати поголемо од дневно потребните дози, па затоа се препорачува и кај лица со недостаток на овој минерал. Богат со магнезиум, фосфор, и калиум. Има 10% масти во својот состав од кои најзастапена е линоленската киселина- ја подобрува срцевата функција.

Здравствени бенефити:

  • Амарантот е добар за срцето: Поради содржината на линолеинска масна киселина има улога во намалување на на лошиот холестерол и заштита на срце. Исто така содржи и фитостероли кои го запираат процесот на создавање лош холестерол.
  • Важна улога во борба со остеопороза.
  • Поради високото количество на протеини го одржува и зајакнува телото
  • Борба со слободни радикали
  • Лесен за дигестија- квалитетен состав на аминокиселини


Рецепти за подготовка на снегулките од амарант:

Овие снегулки остануваат крцкави и по потопување во вода!

Неколку комбинации на подготовка:

  • 4 лажици снегулки, 1 лажица семиња, неколку сецкани јагоди, 1 кафена лажица мед. Со 10мл млеко или јогурт.
  • 4 лажици снегулки, 1 рака сува брусница, 1 банана со 100мл бадемово млеко.

За подготовка на каши од амарант:

  • Неколку лажици снегулки потопени со жешко млеко, вода. ½ кафена лажичка сурово какао, 1 лажица јаворов сируп, 1 лажица семиња.
  • Неколку лажици снегулки потопени со жешко млеко, вода. Додади 1 лажица суво грозје и семки од тиква. На крај се поросува со цимет.

Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 364kcal/1529kJ
Протеини 16.9g
Јагленихидрати 51.7g
Од кои шеќери 0g
Диетални влакна 13.6g
Масти 7g
Од кои заситени 1.7g
Сол 0.1g
Глутен <20mg/kg