• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Хељда снегулки

Со потекло од северна Европа и Азија овој вид растение денес се произведува низ повеќе држави како Русија, Полска.

Со посебна триаглеста форма поради одстранување на горните слоеви наменета за  полесна консумација. Во својот состав не содржи глутен.

Одличен извор на аминокиселини, витамини, минерали и антиоксиданти. Посебен бенефит од хељда снегулките се добива поради единствената комбинација од протеини вклучени во повеќе биолошки активности. Дел од својот состав го земаат флавоноидите, особено рутин. Овој елемент штити од болести а своја 100% активност постигнува во комбинација со витамин Ц. Рутинот е вклучен и во борба со лошиот холестерол. Хељдата е добар извор на магнезиум, овој минерал ги ослободува крвните везикули  со тоа што се подобрува циркулација на хранливи материи и не се покачува крвниот притисок.  Богат извор на растителни диетални влакна кои нарушуваат создавање на камен во жолчно кесе затоа што се намалува секреција на жолчна киселина а се зголемува сензибилетет на панкреас. Во составот на хељда треба да се споменат и антиоксидантите како  најголем најголема група фитонутритиенти-помагаат во борба со слободни радикали и исфрлање отрови од телото.

Здравствени бенефити:

  • Го подобрува срцевото здравје така што го намалува лошиот холестерол
  • Содржината од антиоксиданти е во константна борба против болести и вируси
  • Извор на висококвалитетни протеини
  • Растителните влакна ја подобруваат дигестијата
  • Поради нискиот гликемиски индекс го превентира појавивањето на дијабет
  • Не содржи глутен во својот состав
  • Високата содржина растителни влакна штити од создавање рак на дојка кај жени во менопауза.

 

Рецепти за подготовка на хељда снегулки

Бомбици од хељда снегулки.

  • Се мелат снегулки од хељда со урми во пропорција 2:1. Додадете кокосово масло и сусам по вкус.

Зелено смути

  • 3 лажици снегулки, 1 рака спанаќ, 1 јаболко, 100мл млеко или јогурт. По избор може да додадете 1 лажица семиња за енергија.

Каша со хељда снегулки

4 лажици снегулки се потопуваат со жешка вода или млеко.  Додадете ½ банана, сува брусница,  чиа семки и 1 лажица мед за сладок вкус.

 

Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 341kcal/1445kJ
Протеини 10.6g
Јагленихидрати 67g
Од кои шеќери 0.7g
Диетални влакна 6g
Масти 2.1g
Од кои заситени 0.4g
Сол <0.01g
Глутен <20mg/kg