Извоз
Виталиа е една од ретките македонски компании насочени кон извоз. Се обидуваме македонскиот квалитет преточен во производи за здрава храна да стане дел од регионот и пошироко. Засега мисијата е успешна благодарение на високата професионалност на производството, која резултира со квалитет на производите на Виталиа, кои ги задоволуваат високопоставените критериуми во индустријата за производство на здрава храна.

Со воведувањето и имплементацијата на системот BRC/HACCP, Виталиа доби дозвола да ги извезува своите производи во земјите на Европската Унија, со што нејзиниот пазар за извоз значително се прошири. Но, Виталиа не застана тука - извозот на нејзините производи се прошири и во прекуокеанските земји, каде се добро примени од потрошувачите, кои го препознаваат квалитетот и одличниот вкус на производите.
Виталиа ги снабдува со производи некои од најголемите синџири на маркети во Европа, како:
