• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Za Vitalia

 

НАГРАДИ

Виталиа е одликувана со неколку награди, од кои најзначајна е наградата „Супербренд“. Оваа награда Виталиа ја доби во конкуренција од 800 домашни компании од различни индустрии кои учествуваа во овој избор.

Оваа награда го потврдува значењето и силината на брендот Виталиа во индустријата што ја покрива и квалитетот на нејзините производи. Истотака ја рефлектира и доминацијата на пазарот на Македонска здрава храна и долгогодишното успешно постоење на Виталиа.

Светски познатата организација Super Brand International за прв пат организираше гласање од овој вид во Македонија, иако такви гласања има организирано во 82 други земји.

Како се избира Супербренд?

Во секоја земја во којашто оперира Супербренд, се избира Супербренд одбор, којшто вообичаено се состои од индустриски експерти и практичари, којшто го избираат топ брендот за различни категории и го наградуваат со статусот “Супербренд”.

Брендовите се поканети да учествуваат во Супербренд проектот базирано на следниве критериуми: доминација на пазарот, долго опстојување на пазарот, лојалност на клиентите, прифатеност на пазарот и добра волја.

Откако 50-те членови на бизнис одборот го дадоа својот глас, компанијата за здрава храна Виталиа беше прогласена за Супербренд во Македонија.