• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Кокосово масло

Кокосовото масло е едно од најздравите масла кое се употребува во исхраната. Представува растително масло кое се добива преку пресување на внатрешноста на кокосот со што се зачувуваат сите корисни својства на маслото.

Бојата на маслото е бела до бледо жолта има карактеристичен пријатен мирис на кокос. Кокосовото масло содржи здрава форма на заситени масти,што значи неговото конзумирање помага во забрзување на метаболизмот. Му овозможува на телото да согорува повеќе масти и стовремено давајќи му повеќе енергија и поголема издржливост. Сето ова резултира и со губење на вишокот килограми и одржување на здрава и избалансирана тежина.50 % од заситените масти кои се во кокосовото масло се состојат од лауринска киселина која е доминантна масна киселина во мајчиното млеко.

Моќно и ефикасно делува на косата, лицето и кожата.

Кокосовото масло дејствува како ефективна крема за сите типови на кожа, вклучувајќи сува и распукана кожа. Тоа го забавува појавувањето на брчки и опуштање на кожата, како и предвремено стареење, а помага и во лекување на разни кожни болести (псоријаза, дерматит, егзема).

Кокосовото масло е еден од најдобрите природни нутриенти за косата. Тоа помага за здрав раст на косата и ја регенерира сувата и оштетена коса притоа овозможувајќи и подобра заштита и давајќи и посебен сјај.

УПОТРЕБА ВО ИСХРАНАТА

Може да се конзумира самостојно 1 супена лажица 1 до 2 пати на ден или како додаток во разни јадења (десерти, кремови, салати, филови)