• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Нерафинирано масло од сусам

Претставува мешавина од естри на глицерол со олеинска и линоленска киселина (омега 6 масни киселини) неопходни за раст и обнова на клетките, посебно за лица во периодот на раст.

Благодарение на високата содржина на витамин Е - природен антиоксиданс, сусамовото масло се користи за лекување на рани, против опстипација, против вишок на киселини во стомакот. Витаминот Е делува антиканцерогено, забавувајќи го процесот на стареење. Со втривање на сусамовото масло во кожата на главата, можете да го намалите и прекинете опаѓањето на косата. Маслото од сусам го спречува растот на малигниот меланом (рак на кожата) и размножувањето на малигни клетки кај рак на дебело црево. Употреба: Сусамовото масло може да се консумира 1-3 супени лажици на ден самостојно или додадено во салати, сосови, варива со што ќе го подобрите квалитетот на храната заштитувајќи се на природен начин од покачени маснотии и холестерол. На тој начин истовремено го намалувате ризикот од артериосклероза и покачен крвен притисок.