• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Екстракт од јачменов слад - Maltex

Претставува природен производ добиен со екстракција на целото - интегрално јачменово зрно.

По конзистенција е како медот, со темнокафеава боја и со изразен вкус и миризба на слад.

Во својот состав содржи јагленихидрати, протеини, витамини од Б групата ( Б1, Б2, Б4, Б5, Б6), витамин Е и провитамин А, како и минерали ( Na, K, Ca, Mg, Fe).

Минералите и витамините се издвоени со посебна технолошка постапка, со што максимално е зачувана нивната биолошка вредност. Составот на јагленохидратите обезбедува брзо и трајно дополнување на изгубените шеќери.

Малтексот е прифатен во многу семејства, бидејќи помага при отежнато дишење и кашлање предизвикано од хроничен бронхитис и пушење. Се препорачува на деца, бремени жени, реконвалесценти, а особено спортисти бидејќи претставува урамнотежен извор на шеќери и минерали кои се губат при поголем физички напор.

Халал сертифициран производ
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 1277kJ
304kcal
Масти 1.8g
од кои заситени 0.12g
Јаглехидрати 67g
од кои шеќери 40g
Протеини 5g
Сол 0.12g
Витамин Б1 0.8mg(72%)
Витамин Б12 0.3mg(21%)
Витамин Б6 0.6mg(43%)
Пантотенска киселина 5.5mg(92%)
Ниацин 7.2mg(45%)
Фолна киселина 0.06mg(30%)