Житната плочка со црвени овошја и прелив од јогурт
Житната плочка со црвени овошја и прелив од јогурт е неверојатен микс од крцкави житарици и црвени шумски овошја, обогатени со витамина Б. Со целосен прелив од јогурт, збогатен со калциум. Здрава, слатка закуска од 100% природни состојки, која волшебно ги спојува неверојатните вкусови од природата и ви дава енергија кога ви е најпотребно.
“Кај нас се става на маргините на секојдневниот живот начинот на исхрана и важноста од здава ужина. Многу малку се зборува за бенефитите на здравата ужина – високата хранливост, витамините и извор на енергија. Исто така здравата ужина овозможува да се регулира метаболизмот, а со тоа да се подобри целокупното функционирање на организмот. Што со еден збор значи подобар имунитет. Оттаму и идејата да се создаде нови производи со одличен вкус, но што го носи предзнакот здрава храна. Житните плочки се погодни за деца, тинејџери, возрасни, трудници, спортисти и сите кои се грижат за своето здравје“, изјави Нела Деспотовска, нутриционист од Виталиа.
Деспотовска додаде дека се уште треба да се работи на едукација на населението за здравиот начин на исхрана. „Едукацијата е особено важна со оглед на тоа што сите анализи укажуваат дека секојдневниот стрес и темпото на живот многу малку дозволуваат секој од нас да внимава на исхраната. Но сепак, токму таа е основа на нашето здравје и од неа зависат многу нешта, затоа треба да се внимава во исхраната“, изјави Деспотовска.