• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Интегрален сусам

Содржи 43% полинезаситени масни киселини, 43% мононезаситени масни киселини и 12% заситени масти. Богати се со протеини, ги содржат сите есенцијални аминокиселини особено метионин. Во семките постои една посебна состојка именувана како сезамин кој го намалува холестеролот во крвта на тој начин што ја намалува апсорпцијата од цревата и ја забрзува дигестијата. Сусамот содржи и витамин Е кој е еден од најсилните антиоксиданси. Богат е со магнезиум, цинк, калиум и железо (во споредба со месен нарезок концентрацијата на калциум е 20 пати поголема, а концентрацијата на железо е 3 пати поголема). Се смета за лековита храна која може да го успори процесот на стареење.

Употреба: Сусамовите семенки можете да ги консумирате како додаток во салати, варива, житни снегулки, печења, пецива, леб, колачи со што ќе го подобрат вкусот и аромата. За да се искористат сите хранливи состојки присутни во сусамот, пред употреба семките да се згмечат или сомелат. Во спротивно целите сусамови семенки ќе поминат низ дигестивниот тракт без да се искористат. Сладокусците од сусамот можат да направат и млеко кое е одлична замена за кравјото млеко и тоа на следниот начин: 1 шоља интегрален сусам се миксира со малку вода, постепено се додава до 800мл. вода. По желба може да се додаде ванила, а како засладувач мед или малтекс.

СУСАМ

Сусамот е едно од првите маслодајни растенија кои ги одгледувал човекот. Се одликува со најголема содржина на масло меѓу маслодајните семиња. Зависно од сортите и одгледувањето содржи 52-63% масло, 19-23% протеини и 15-18% јаглехидрати.

Маслото од сусам добиено со студено пресување со својот квалитет се приближува кон маслиновото масло. Прозрачно e, со светложолта боја и пријатен вкус. Најважна негова карактеристика е способноста долго време да стои без да се воспали. Во народната медицина се користи како испробан лек за одстранување на опстипација (тврда столица) и вишокот на течности од организмот (се зема на празен желудник 1-2 супени лажици сирово масло со една четвртина лажичка ѓумбир и една лажичка тамари соја сос).

Во Индија сусамовото масло се користи за лекување на рани, а одамна е познато како диетална храна кај заболените од киселини во стомакот. Се користи и за масирање на косата за да се спречи нејзиното опаѓање. Од нерафинираното масло се прават топли капки за отчепување на ушите од тврди масти. Мајките, доилки кои имаат проблеми со испукани и отечени брадавици може да ги премачкуваат со него, откако претходно повеќе пати ќе ги истријат со ладна солена вода.

Во секојдневната исхрана се користи како додаток во салати, житни снегулки и пецива со што се подобрува нивниот вкус и мирис.

РЕЦЕПТИ

МЛЕКО ОД СУСАМ

Потребно: 1 шолја сусам, 4 шолји вода, мед по желба.

Подготвување: Сусамот со малку вода се миксира, а потоа постепено малку по малку се додава останатата вода. По желба може да се додаде малку ванила, мед или некое свежо овошје (банана).

Потребно: 1/2 шолја сусам, кромид и целер по вкус, една рака никулци, малку био-зачин, 1 шолја вода, 1 лимон.

Подготвување: Сусамовото семе се меле и потоа се миксира во блендер со малку вода додека не се добие густа смеса. Се додаваат исецканите листови од целерот, исецканиот кромид, никулците и био-зачинот. Се цеди сокот од лимон и добро се изедначува смесата. Потоа се премачкува на кришка интегрален леб.

СУСАМОВ ТААН

Таанот е производ кој се добива од сусам и препорачливо е да го употребуваат оние кои имаат проблеми со желудникот. Таанот е препорачлив и во случај на бронхитис и тоа помешан со мед во однос 1:1.

Во палетата на ВИТАЛИА здрави производи можете да најдете и интегрален таан 350гр. произведен само од интегрален нелупен сусам. Тој се карактеризира со поголема хранливост и лековитост од обичниот таан.

МАЈОНЕЗ ОД ТААН

Потребно: 1/2 шолја таан, сок од еден голем лимон, околу 1/2  шолја вода.

Подготвување:  таанот и сокот од лимон се миксираат со средна брзина во миксер блендер. Постепено се додава вода додека не се добие саканата густина. Вака добиениот мајонез се чува во добро затворена тегла. Ако се чува во фрижидер, може да стои 5 дена.

ТААН-от можете и сами да го подготвите на следниот начин: На 200гр. сусам се додава и лажица ладно цедено масло и добро се миксира. Ако е потребно се додава 1-2 лажици вода.

Халал сертифициран производ
Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 2353kJ
569.2kcal
Масти 47.6g
од кои заситени 7g
Мононезаситени 18.8g
Полинезаситени 21.8g
Јаглехидрати 11.6g
од кои шеќери 0.3g
Влакна 11.3g
Протеини 17.7g
Натриум 11mg
Калциум 975mg(122%)
Магнезиум 351mg(117%)
Фосфор 629mg(78.6%)
Железо 14.5mg(104%)
Цинк 7.8mg(52%)
Витамин Б1 1mg(71%)