• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Сончогледово семе

Содржат целулозни влакна, големо количество на витамин А, витамини од Б групата и витамин Е (50мг./100гр.) кој е добар антиоксиданс.

Од минерали содржат: калциум, фосфор, магнезиум, натриум, калиум и железо. Во својот состав содржат: 64% полинезаситени масни киселини како што е линолната киселина (омега 6), кои се потребни за раст и обнова на клетките, заштита на организмот од холестерол со намалување и одстранување од артериите; 24% мононезаситени масни киселини кои помагаат да се зголеми добриот ХДЛ холестерол а да се намали лошиот ЛДЛ во крвта; 12% заситени масни киселини кои служат како извор на енергија.

Семето прелиено со вода се користи за подобрување на работата на бубрезите и ублажување на воспаленијата на мочните канали. Исто така овие семки се корисни и против кашлица и главоболка. Заедно со производите од соја можат да ги задоволат дневните потреби за протеини кај вегетаријанците.

Употреба: сирови или сомелени сончогледовите семки на Виталиа можете да ги користите за појадок во оброк од житни снегулки или мусли. Додадете ги во билни зачини и употребете ги како прелив за пица и печени јадења. Целите семки можете да ги додадете како декорација во печивата

СОНЧОГЛЕД

Сончогледот спаѓа во маслодајните растенија, чија главна намена е добивање на масло за јадење. Меѓутоа помалку познато е дека во некои земји во светот се користат жолтите јазичести листови од цветот и крупните листови за правење на народни лекови. Листовите се употребуваат како горко средство кое го поттикнува апетитот, а цветовите се додаваат на разни билни чаеви.

Сончогледовото семе е богато со витамини  (Д, Е, Ф),  нијацин, незаситени масни киселини, минерали (фосфор, калциум, магнезиум, цинк, натриум). Има поволно влијание врз видот и е најбогат извор  на витаминот Е. Го олеснува варењето, ги отстранува стомачните тегоби и го стимулира исфрлањето на штетните материи од организмот.

Од сончогледовото семе со екстракција се добива сончогледово масло, а од брашното што останува, помешано со пченичното брашно се добива многу вкусен леб.

Од големо значење за здравјето на човекот е исфрлувањето на обичното рафинирано масло од секојдневната исхрана и негова замена со ладно цедено масло кое во себе ги има задржано сите највредни состојки на сончогледовото зрно (хранливоста и лековитоста).

ПРЖЕНИ СОНЧОГЛЕДОВИ СЕМКИ

Во суво тавче ставете одредена количина (по желба) лупени сончогледови семки и пржете ги на суво на средна температура 10-15 мин. Во меѓувреме ако сакате може да ги посолите со морска сол или тамари соја сос. По пржењето семките ќе добијат темна боја и ќе имаат пријатен вкус и арома.

Ваквиот начин на употреба се препорачува за лица кои максимално внимаваат на количината на внесени маснотии во организмот.

Лупеното сончогледово семе може да се користи и како додаток на колачи, супи, леб и др.

СОС ОД СОНЧОГЛЕД

Потребно: 1,5 шолји сончоглед, 1,5 шолји вода, 1 лажица морска сол, зачин по избор, сок од лимон, малку лук, 1 лажичка кромид.

Подготвување: Сите состојки се миксираат убаво да се добие еднолична смеса. Многу е вкусно со барен компир или како мајонез во компир салата. Можете да го зачините со рен.

Халал сертифициран производ