• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Ленено семе

Лененото семе е еден од најбогатите извори на масни киселини кои ја разредуваат крвта и го намалуваат ризикот од формирање на тромбови.

Во народната медицина се користи како лек против воспаление на слузокожата на устата, желудникот и цревата. За проблеми со варењето треба да земата по две лажици дневно.

Употреба: Лененото семе треба да го употребувате сомелено бидејќи на тој начин можете да ги искористите неговите лековити својства. Можете да го додадете во салати, житни снегулки, мусли, колачи, леб или пецива.

ЛЕН

По својата содржина на слуз, ленот се приближува до шумскиот слез. Тој е вистинска ризница на добро здравје бидејќи содржи големи количини на витамин Ф. Маслото од лен дава одлични резултати во лечењето на сува кожа (го намалува нејзиното прерано стареење), одлично средство против опстипацијата и ги намалува воспаленијата на органите за дишење, варење и органите за мокрење.

Лененото семе е добар лаксатив, се користи како додаток во разни пецива, житарици, салати, житни снегулки, како и за подготвување на чај.

ЛЕНОТ ВО НАУЧНАТА И НАРОДНАТА МЕДИЦИНА

ЧАЈ ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ

За подготвување на овој чај потребни Ви се 2 супени лажици малку издробено ленено семе и една шолја вода. Заедно се вари околу 10 минути. Вака подготвениот чај се пие непроцеден.

Овој чај помага при астма, кашлање, артритис, реума, крварење на матката или претерано менструално крварење, запек (опстипација). Дејствува релаксирачки кај родилките со што го олеснува породувањето.