• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Proizvodi

Сурутка јагода

Што претставува протеинот од сурутка? – Еден од најкомплетните протеини кој се апсорбира лесно во човековиот организам е сурутката. Таа претставува целосен протеин со сите 9 есенцијални амино киселини потребни за синтеза на мускулно ткиво.

При зголемена физичка активност се покачува потребата за енергија во телото. Ова се случува бидејќи за време на спортот се раскинуваат мускулни влакна, а за нивна репарација се потребни лесно апсорбирачки протеини. Токму затоа ги создадовме новите вкусови на протеин од сурутка за многу повеќе вкусни моменти исполнети со енергија.

Овошен и природен вкус со додадени јагоди. Пријатни моменти со новите вкусови.

Дозирање: 35гр протеин се раствора во ладна или млака вода. Протеинот може да се додаде и во млеко(кравјо, бадемово, кокосово, оризово и соја). 

За кого е наменет производот: Протеинот од сурутка може да го консумираат сите здрави лица. Мерки на претпазливост за лица нетолерантни на лактоза. За деца помали од 10 години се препорачува дневна доза до 10гр. Пред внес во секојдневната исхрана кај трудници, се препорачува консултација со нутриционист или доктор.

Кога да се внесува: Протеинот од сурутка може да се внесува наутро, пред и после тренинг и пред спиење. За намалување на телесната маса препорачуваме шејк од протеин како замена за вечера. За одржување на мускулна маса препорачуваме една доза протеин во денот. За зголемување на мускулна маса препорачуваме 2-3 дози протеин во денот.

Шејкот од сурутка е безбеден за внес како хранлив напиток во било кој дел од денот.

  • Напомена: Лицата без физичка активност не треба да внесуваат повеќе од една доза протеин дневно.

 Рецепти во кои може да го додадете: Протеински колачи, торти, палачинки, напитоци, бомбици.

Протеински бомбици со Јагода

  • 4 лажици јагода протеин од сурутка Виталиа
  • 4 лажици чиа семе Виталиа
  • 4 лажици киноа снегулки Виталиа
  • 20гр диет чоколада Виталиа
  • 3- 4 лажици Бадемово млеко Виталиа
  • 1-2 лажици 4 мелени семиња Виталиа

Начин на подготовка: Најпрвин изрендајте го чоколадото и додадете ги останатите состојки. Добро измесете ја смесата и формирајте бомбици. Бомбиците може да ги поросите со 4 мелени семиња.

На здравје!!!

Нутритивни придобивки:

  • Го обновува и одржува мускулното ткиво
  • Лесно апсорбирачки протеин
  • Примарен извор на протеини
  • Погодно за спортисти и физички активни лица
  • Не содржи глутен
Нутритивни вредности 100 g 35 g
Енергетска вредност 1591kJ
379kcal
557kJ
132.5kcal
Масти 2.7g 0.9g
од кои заситени 0.01g 0.01g
Јаглехидрати 13.2g 4.6g
од кои шеќери 11.0g 3.9g
Влакна 0.8g 0.3g
Протеини 75.0g 26.3
Сол 0.94g 0.3g

Состав: Протеин од кравја сурутка, протеин од козјо-овча сурутка , лиофилизирана јагода, регулатор на киселост: лимонска киселина, засладувач: сукралоза, готварска сол и арома.