• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

ТААН

СПОРЕД НАЈДОБРИОТ ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ

Таанот е природен производ подготвен според традиционален рецепт од висококвалитетен македонски сусам, без додаток на масло и адитиви.

Има одлична хранлива и енергетска вредност. Tаанот има изразени диететски и терапевски својства.

Таанот е богат со протеини, витамини: А, Е, Б1, Б2, Б3, и минерали: Ca, Fe, P, Na, K. Помага за нормализирање на крвниот притисок, намалување на холестеролот како и при бронхијални заболувања.

Состав: 100 % чисто, излупено и мелено сусамово семе.

Употреба: најдобро е да се консумира пред јадење, чист или со мед во сооднос 1:1. Препорачана доза: за возрасни 1 супена лажица , а за деца 1 кафена лажица 2-3 пати дневно. Не содржи шеќер – погоден за дијабетичари.

Нутритивни вредности 100 g/г
Енергетска вредност 2494kJ
596kcal
Протеини 26g
Јаглехидрати 9.6g
од кои шеќери 0g
Масти 55g
од кои заситени 7.8g
Влакна 3.2g
Натриум 39mg
Калциум 921mg(19%)
Фосфор 836mg(119%)
Железо 7.1mg(50%)
Витамин Б1 1.9mg(172%)
Ниацин 5.4mg(33%)