• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

Za Vitalia

 

Управување со квалитет

Квалитетот е најважен кога станува збор за компанија која произведува прехранбени производи. Многу е тешко да се стекне доверба на потрошувачите, бидејќи вкусовите се пребирливи, а ние се обидуваме да ги задоволиме сите вкусови. Амбициозно, но вистинито. Сакаме да креираме производи кои нема да ве остават рамнодушни, но поради тоа треба многу вложување, посебно во сертификати каде се потврдува нашиот квалитет и грижата за вас, нашите потрошувачи.

Што значи НАССР системот?

НАССР систем

НАССР е систем на безбедност на храната заснован на седум принципи со кои на ефикасен начин се осигурува потполна здравствена безбедност на прехранбените производи во сите сегменти на призводство и преработка.

KOSHER

Воведување на Кошер сертификат

Виталиа своето успешно работење на пазарот повторно го потврди во 2009 година, кога се се стекна со уште еден светски сертификат. Се работи за сертификат познат под името Кошер, со кој се потврдуваат постојните норми за храна кај еврејската религија и е неопходен за извезување во земји со еврејска вероисповед.

ORGANIC

Сертификат за органско производство

Виталиа поседува сертификат за Органско производство, следејќи ги меѓународните правила за органско производство на високо квалитетна, здрава и безбедна органска храна со одличен вкус, на начин што не и штети на природата.