• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

ПРАШАЊЕ: Имам циста на бубрег. Кои производи од палетата на Виталиа ги препорачувате за превенција? 

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: Постоењето на цисти на бубрезите не мора да значи некаква непријатност. Некои луѓе никогаш и не дознаваат дека имаат циста на својот бубрег бидејќи тие не им предизвикуваат никакви негативни симптоми, бубрезите нормално функционирааат и личноста го проживува целиот живот несвесна за постоењето на цистата. Во некои случаи цистите можат да предизвикаат бол и “пецкање” на грбот во делот каде што се наоѓаат бубрезите. Цистите можат да бидат примарни, “наследни” и секундарни а се последица на дегенеративниот процес на бубрезите и настануваат со годините. Во секој случај, при редовните контроли цистите можат да се воочат при што е потребна соодветна терапија.

Од палетата на Виталиа ви ги препорачуваме следниве производи:

1. Тахебо чај - потекнува од неконтиминираните озонски области на Андите. Се произведува од внатрешната кора на дрвото Ipe Roxo која поседува антибиотски, антигабични, аналгетски и диуретски својства. Има голема моќ на прочистување на организмот од отрови.

Присуството на железо во чајот ќе Ви помогне да ја подобрите крвната слика, да го зајакнете имунолошкиот систем и да го подготвите организмот во борбата против разни заболувања. Тахебо чајот содржи супстанции со висок ефект против канцерогени клетки како и антигабични состојки кои ги уништуваат габите и ги санираат инфекциите и воспалителните процеси на урогениталниот тракт.

2. Чај брусница – брусницата претставува бобинкаст плод со многу лековити својства корисни за здравјето. Има благо киселкаст вкус. Е богата со витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3), витамин Ц, минерали (натриум, калиум, магнезиум), провитамин А (бета каротен), растителни влакна и голем број на заштитни материи како што се биофлавоноидите. Тие имаат силно антоиксидативно дејство со кое се намалува ризикот од канцерогени заболувања. Антоцијанините и проантоцијанидите имаат антиканцерогено дејство и помагаат при обнова на клетките кои се одговорни за вид.

Брусницата поседува антигабично и антибактериско дејство. Помага во борбата против бактеријата Helicobacter pylori која предизвикува чир и карцином на желудник.

Брусницата има голема ефикасност во лекување на инфекции на уринарниот тракт, бешиката и бубрезите спречувајќи го развојот на штетните микроорганизми (ешерихија коли). Активните состојки во брусницата го намалуваат бројот на бактериите во усната празнина а со тоа и појава на разни заболувања на забите.

Се препорачува да ја консумираат и деца и возрасни за зајакнување на одбрамбените механизми на организмот.