• Избор на јазик:
  • MK
  • EN
  • SR

ПРАШАЊЕ: Здраво, Би сакал да Ве прашам дали продуктот "So Vita Chocolate" содржи шеќер (бел, кафеав,...)? Ви го поставувам ова прашање бидејки имам дијабетис, а сакам да го употребувам.

Одговор од медицинскиот тим на Виталиа: СоВита соиното млеко е здрава алтернатива за млеко со одличен баланс на хранливи материи пред се 40% помалку маснотии во однос на кравјото млеко.

СОВИТА е 100% природен производ од растително потекло погоден за секојдневно консумирање, за сите возрасти, во сите пригоди вклучувајќи ги диетите и постите. Богатството од соини протеини, незаситените масни киселини малтодекстрини, бавно согорувачки шеќери, витамини и минерали се доказ дека соиното млеко е најдобрата здрава замена за кравјото млеко.

Соиното млеко СОВИТА не содржи лактоза, холестерол и глутен. Докажано е дека со редовно консумирање на 60гр соино млеко се намалува ризикот од слабеење на коските за 45%, а со консумирање на 25-40гр соин протеин дневно се намалува нивото на лошиот холестерол за 15%, а со тоа се намалува и ризикот од кардиоваскуларните заболувања.

Пробајте Виталиа соино млеко во прав и тоа:

СоВита соино млеко натурал
СоВита соино млеко збогатено со витамини
СоВита соино млеко со вкус на ванила
СоВита соино млеко со вкус на чоколадо

За да подготвите една чаша напиток од соја млеко во прав потребно е 30 грама или 2 супени лажици млеко во прав и 250мл. топла или студена вода. Промешајте и напитокот од соја е готов за консумирање.

Во врска со Вашето прашање, за жал одговорот е негативен. Сите соини млека во прав (вклучувајќи го и соиното млеко со вкус на чоколадо) се засладени со пченкарен сируп кој содржи гликоза, фруктоза, декстрин и други сложени јагленохидрати поради што не ги препорачуваме за дијабетичари.