Рецепти

Безглутенски шпагети со печурки

Протеини - 15 g
Вкупно Масти - 12 g
Јагленихидрати - 67 g
Калории - 436 Kcal

Состојки (3 порции):

1 пакетче безглутенски шпагети 250g Виталиа
1 кромид, ситно сецкан
250g свежи шампињони ( сецкани на тенки листови)
150 мл кокосово млеко (незасладено)
2 лажици кокосово масло Виталиа
2 чешниња лук, ситно сецкани.
Сол и црн бибер
2 лажици 4 мелени семиња Виталиа

Начин на подготовка:

Ставете ги безглутенските шпагети во зовриена вода да се готват 10-12 минути. Кога ќе се сварат, исцедете ги и вратете ги во садот.
Во меѓувреме, загрејте го кокосовото масло и додадете го кромидот, лукот и зачините. По неколку минути додадете ги и печурките и гответе додека не испари водата. Додадете 150мл кокосово млеко и 2 лажици 4 мелени семиња. Гответе додека не се згусни смесата.
Додадете ги шпагетите во сосот и добро промешајте. Сервирајте со пармезан и сецкан магдонос.

Назад кон листа