Рецепти

Интегрален колач со јагоди

Протеини - 4.43g
Вкупно масти - 4.32g
Јагленихидрати - 23g
Калории - 144Kcal

Состојки ( за 16 парчиња):

350 g интегрално пченично брашно – Vitalia
150 g овесни снегулки – Vitalia Go Nutri
1 лажичка прашок за пециво
4 лажици кафеав шеќер Мусковадо – Vitalia
50 ml маслиново масло
1 чаша оризово млеко – Vitalia (2 лажици оризово млеко во прав се раствораат со 200 ml вода)
2 јајца
200 g ситно сечкани јагоди
кокосови трошки за декорација.

Начин на подготовка:

Најпрвин во длабок сад со миксер ги матиме јајцата, млекото и кафеавиот шеќер, потоа го додаваме маслиновото масло и продолжуваме со мешање. На крај го додаваме брашното, овесните снегулки и прашокот за пециво и пак миксираме.
Садот во кој ќе го печете колачот попрскајте го со маслиново масло и истурете ја смесата. Одозгора ги ставаме ситно сечканите јагоди и печеме 25 минути на 180°С.

Назад кон листа