Новости

Отсега, вашето омилено Старбакс кафе заедно со Виталиа мусли…

Најпознатата македонска компанија за здрава храна, Виталиа, започна соработка со светскиот бренд на кафе – Старбакс. Посетителите на Старбакс Белград, освен што можат да ги консумираат најпознатите брендови на кафе отсега ќе уживаат во свежите десерти припремени со Виталиа гранола мусли.

Изборот на Старбакс да започне соработка со Виталиа е големо признание за нас како компанија и потврда за квалитетот на нашите производи. Старбакс се реши токму за гранола муслите на Виталиа бидејќи тие претставуваат здрав и вкусен мини-оброк и се единствени гранола мусли на Балканот производени од 100% овесни снегулки, засладени со кафеав шеќер. Ваквите интернационални партнерства, и присутноста во HORECA (Hotel/Restaurant/Café) каналот овозможуваат зголемена достапност на производите на Виталиа до потрошувачите како и пренесување на заедничката мисија на двете компании: “ We are not in the business of filling bellies, we are in the business of filling souls”” – изјавија од Виталиа.

Гранолата која е омилен избор на поборниците за здрава храна е идеален додаток во уникатното “parfait” десерт од Старбакс асортиманот со што ја потврдува својата мултинаменска карактеристика. Природно слатката комбинација од печен овес и јаткасто овошје совршено го комплементира уникатниот вкус на Старбакс кафето.

Дополнително, нутритивно го збогатува овој утрински ритуал со изобилство од растителни влакна, комплексни јаглехидрати, витамини и минерали за енергичен почеток на денот.

Во наредниот период се очекува Виталиа-Старбакс соработката да се прошири и во останатите земји од регионот каде што е присутен овој бренд – Бугарија и Романија, а потрошувачите и во овие земји ќе можат да уживаат во познатите Виталиа гранола мусли