fbpx

Јазик

Виталиа овесни каши – Мојата НОВА здрава навика



Појадокот е најважниот оброк во денот, па затоа исклучително важно е да се направи најдобриот избор на состојки.

Имаме одлична препорака за вас – Виталиа овесни каши – избалансирана комбинација на овесни снегулки, овошје, јаткасти плодови и супер храна. 100 % природен производ подготвен за само 2 минути со малку вода, млеко, јогурт или природен сок.



Овесот е намирница што најдобро го снабдува организмот со енергија, а овесната каша на Виталиа содржи над 66% овесни снегулки. Тие се природен извор на растителни влакна, кои помагаат во апсорпцијата на заситените масти, придонесуваат за пријатно долгорочно чувство на ситост, забрзан метаболизам и регулирање на шеќерот во крвта.

Збогатени со 8 Б витамини, овесните каши од Виталиа го снабдуваат организмот со потребните хранливи материи за успешно функционирање на метаболичките процеси и одржување на функцијата на мозокот.



Виталиа овесните каши се посни и за оние кои практикуваат вегански начин на живот, тие се одличен начин да ја задоволат потребата за високо-енергетски оброк без состојки од животинско потекло.

За целосно уживање без грижа на совест, овесните каши се засладени со фруктоза и стевиа, кои даваат сладок вкус и не влијаат на зголемување на внесот на гликоза во крвта или дополнителни калории. Виталиа исто така нуди овесна каша со чиа и карамел и без додаден шеќер, совршен оброк за лица со зголемено ниво на гликоза во крвта, бидејќи содржи само 2.4g шеќери по порција.



Виталиа овесните каши се без вештачки бои и ароми, а нутритивниот профил е збогатен со супер храна (чиа, киноа), што ги прави единствени по составот и рецептура.

Уживајте во уникатните вкусови и нежната кремаста текстура за појадок или ужина каде и да сте.



Зачленете се за нашиот Newsletter и добивате Виталиа членска картичка со најновите информации на нашите актуелни промоции и нови производи