fbpx

Јазик

Виталиа со слатки впечатоци од ISM 2019 во Келн, Германија

Виталиа и оваа година се претстави со своите уникатни, здрави производи на престижниот ISM Келн – најголемиот саем за кондиторија.

„Посетителите најчесто се заинтересирани за производи кои доаѓаат во помала, практична амбалажа и кои со себе носат додадена вредност како „суперхрана“, или пак, храна со одредени функционалности – безглутенска, високо протеинска, без додаден шеќер, веганска, кошер, халал.Севкупните побарувања на динамичниот начин на живот во начелата на здрава храна се дел од широкиот продукт асортиман на Виталиа.“ – изјавија од Виталиа .

Најголема заинтересираност кај посетителите разбудиле новите Smoothie to go како иновативен и револуционерен производ која соодветно се прилагодува во модерниот здрав животен стил.
Новата здрава ужинка – Super Cookies, добропознатите Raw Bars, како и популарните Bites2go за кои веќе има побарувачка од авиокомпаниите во Малта .

Саемот ISM, се одржува секоја година каде се консумираат неодоливи производи кои ги поставуваат новите нутритивни и потрошувачки трендови. Сите претставници од доменот на ужинки и кондиторски производи се присутни, отвораат перспективи и можности за освојување на нови пазари.

Виталиа секојдневно не изненадува со нови, здрави производи. Со нетрпение го очекуваме новиот!



Зачленете се за нашиот Newsletter и добивате Виталиа членска картичка со најновите информации на нашите актуелни промоции и нови производи