fbpx

Јазик

Колагенска линија – Поддршка за вашето внатрешно здравје и надворешен сјај

Home / nutrition / Колагенска линија – Поддршка за вашето внатрешно здравје и надворешен сјај

Колагенска линија – Поддршка за вашето внатрешно здравје и надворешен сјај


Мобилни зглобови, стабилни коски, мазна кожа, сјајна коса и здрави нокти – колаген пептидите играат клучна улога во формирање на овие основни компоненти на човечкото тело. И, повеќе од тоа , колагенот е природно присутен протеин: еден од најчестите во човечкото тело. Се наоѓа во мускулите, коските, лигаментите, крвните садови, дигестивниот систем, и секако, ноктите, забите, косата и кожата.

Колагенот е протеинот што ја дава цврстината и еластичноста на кожата, истовремено заменувајќи ги мртвите клетки. Кога станува збор за зглобовите и сврзното ткиво, служи како „лепак“ кој го држи телото компактно, спречувајќи го нарушувањето на внатрешниот и надворешниот интегритет.

Производството на колаген во телото природно забавува по 25та година, при што се појавуваат првите знаци на стареење-брчки на кожата и болки во зглобовите.
Надокнадувањето на неопходниот колаген може да се изврши со редовно консумирање на орални суплементи на база на колагенски пептиди, кои комплетно се апсорбираат.
Резултатот е подобрено внатрешно здравје и видливи позитивни ефекти однадвор.

Иновација поддржана од науката
Новиот холистичен асортиман од вкусни производи збогатени со колаген од Виталиа, се специјално формулирани да ги исполнат барањата на современите активни и модерни потрошувачи. Виталиа колагенските напитоци помагаат да се регенерира телото и внатрешниот баланс, истовремено подобрувајќи го здравјето и придонесувајќи до здрав сјај на кожата.
Редовната консумација на колагенските напитоци придонесува за видливи бенефити на кожата, обезбедувајќи 6g колаген на порција. Муслите и оризовите каши Виталиа збогатени со колаген се карактеризираат со својот балансиран состав од витамини и минерали кои поддржуваат енергија, имунитет и здрави коски.

Што не прави различни?
За разлика од другите суплементи со колаген, Виталиа колагенската линија носи бенефити кои не делуваат само на кожата. Иако основата од биоактивни пептиди носи придобивки на млада и мазна кожа, редовниот внес помага за посилни нокти и коса, поздрави коски и зглобови, подобрен метаболизам и зајакнет имунитет.

Доколку барате ефикасност и практичност, новата колагенска линија на Виталиа совршено се вклопува во вашиот динамичен животен стил. Уникатната формула на овие продукти ќе ви овозможи задоволство и поддршка на внатрешно здравје и надворешен сјај.

Препорачани производи

Оризова каша колаген и шумско овошје

45g
Click for more

Take Away Мусли Овошје&Семиња со колаген

80g
Click for more

Колаген напиток во прав со вкус на јагода

120g
Click for more

Препорачани производи

Оризова каша колаген и шумско овошје

Take Away Мусли Овошје&Семиња со колаген

Колаген напиток во прав со вкус на јагода