Јазик

Виталиа лансира нова уникатна линија на кето производи

Home / nutrition / Виталиа лансира нова уникатна линија на кето производи

Виталиа лансира нова уникатна линија на кето производи



Грижата за сопствениот изглед и здравје се приоритет број еден во денешното брзо секојдневие, па токму затоа Кето исхраната веќе неколку години е глобален тренд и најпопуларен избор за намалување и одржување на телесната тежина.
Мотивирани од нутритивните барања на потрошувачите и следејќи ја потребата на пазарот за практичен и здрав нискојаглехидратен оброк, Виталиа формулираше Кето линија продукти кои совршено се вклопуваат во Кето режимот на исхрана.

Иновативниот пристап кон производството, комбиниран со употреба на исклучиво висококвалитетни состојки, ги прават Кето производите идеален избор доколку целите кон здраво слабеење и врвни перформанси.Целата Кето линија содржи ниско количество на јаглехидрати и шеќери, а истовремено изобилува со високо ниво на здрави масти, растителни влакна и протеини, правејќи ги идеална ужина или оброк.
Кето линијата е прилагодена и за лицата со дијабетес, тип 2, нешто на кое е особено посветено внимание при процесот на креирање на рецептурата за оваа линија и како таква е поддржана од здруженијата за дијабетичари во Македонија.

Линијата на Кето производи се состои од 3 типа на мусли, совршени за енергичен почеток на денот, Кето крекери кои се одлични како утринска или попладневна ужина или како дел од вашиот појадок и Кето пралине, вкусен и здрав Кето-десерт кој одлично ќе се вклопи со шолја кафе, чај или млеко.

Кето мусли
Богати со семиња и надополнети со јаткасто овошје, сурутка и цимет или комбинација на егзотичните вкусови на какао, кокос и ванила, Кето муслите ќе ви обезбедат 15-17% од дневните енергетски потреби, без грам шеќер и само 3 г. јаглехидрати.

Кето крекери
Направени по уникатен рецепт со 6 вида семиња и дополнително збогатени со протеин од грашок и арома на оригано, Кето крекерите совршено одговараат на вашите омилени намази, сосови и макала обезбедувајќи 6% од дневните енергетски потреби.

Кето пралине
Квалитетното темно чоколадо, кремастиот путер од кикирики и крцкавите јатки оформуваат свиленкаста мазна текстура и неодолив вкус кои ги прават Кето пралините совршена нискојаглехидратна ужина која задоволува 7% од дневните енергетски потреби.

Што е Кето исхрана?
Кето диетата се базира на внес на ниско количество јаглехидрати и шеќери, наспроти поголемо консумирање на протеини и здрави масти. Оваа редукција на јаглехидрати и шеќери го става организмот во метаболичка состојба наречена кетоза, каде што главен извор на енергија претставуваат масните резерви, односно телото ги согорува мастите побрзо и поефикасно.

Истражувањата укажуваат дека кетогената исхрана ефективно помага во намалување на телесната тежина, регулација на глукозата во крвта и намалување на ризикот од дијабетес тип 2. Дополнително има заштитна функција на нервниот систем и бенефиции за превенција на мозочни нарушувања како што се Паркинсова болест, Алцхајмер, Мултиплекс Склероза, аутизам и епилепсија.

Препорачани производи

Кето пралине со путер од кикирики

72g
Click for more

Кето гранола со кокос и какао

280g
Click for more

Кето гранола со јаткасто овошје и цимет

280g
Click for more

Препорачани производи

Кето пралине со путер од кикирики

Кето гранола со кокос и какао

Кето гранола со јаткасто овошје и цимет