Еднонеделен КЕТО план на исхрана

Home / nutrition / Еднонеделен КЕТО план на исхрана

Еднонеделен КЕТО план на исхрана


Прв ден
Појадок: 4 супени лажици Виталиа Кето гранола со јаткасто овошје потопени во 100g грчки јогурт
Ужина: ½ пакетче Виталиа кето крекери со семиња со 1 лажица путер од кикирики
Ручек: Печено телешко месо -100g, 70g кашкавал, ½ авокадо сецкано на тенки листови, 3 ротквици, 1 лажица мајонез, 1 лажица сенф, 4-5 листови марула попрскано со маслиново масло, сол и црн пипер.
Вечера: Кето коб салата: 3-4 листови рукола, 2 варени јајца, 2 парчиња сирење сецкано на коцки, 1 домат, ¼ авокадо сецкано на тенки листови.
Дресинг: 1 лажица грчки јогурт, сол и црн бибер, вински оцет, маслиново масло.

Втор ден
Појадок: 4 супени лажици Виталиа крцкав мусли со семиња потопени во 100мл кокосово млеко (незасладено)
Ужина: 1 порција (24g) Виталиа Кето Пралине
Ручек: 200g печен лосос, 100g варена брокула попрскано со 30g рендан кашкавал.
Вечера: КЕТО цезар салата: 150g печено пилешко месо, 1 домат, 4-5 листови марула, 40g рендан пармезан, 80g говедски пршут. Дресинг: 1 лажица мајонез, 1 лажица сенф, лимонов сок, маслиново масло, сол и црн пипер.

Трет ден
Појадок: Омлет : 3 јајца, 5 печурки, ½ пиперка, 1 лажица павлака. Се подготвува со масло од лен. Се комбинира со 1 парче сирење, и грчки јогурт.
Ужина: 1 порција (24g) Виталиа Кето Пралине
Ручек: Туна салата: 200g туна во масло, 4 листови марула, 2 парчиња фета сирење, ½ авокадо на парчиња, 1 лажица семки од тиква и сончоглед, 1 порција Кето крекери со семиња.
Вечера: 4 супени лажици Виталиа Кето гранола со јаткасто овошје потопени во бадемово млеко (незасладено).

Четврт ден
Појадок: Чиа пудинг: 2 лажици Виталиа чиа семе, 1 лажица путер од кикирики, 1 лажица Виталиа 4 мелени семиња, кокосово млеко (незасладено), 1 лажица боровинки.
Ужина: 30g мешани јатки (бадем, орев, индиски орев, бразилски орев)
Ручек: 1 јунешка плескавица (200g), 2 лажици доматно пире, 100g варена брокула.
Вечера: Кето смути: 4 листови спанаќ, 2 лажици кокосови листови, 1 лажица капини, 1 лажица малини, ¼ авокадо, 200мл вода.

Петти ден
Појадок: 4 супени лажици Виталиа Кето гранола какао кокос потопени во 100мл грчки јогурт
Ужина: Гвакамоле ( 1 авокадо, лимонов сок, сецкан кромид, ½ домат, сол) + 1 порција Виталиа кето крекери со семиња
Ручек: Полнети тиквички со мелено јунешко месо, кромид, доматен сос, сол и црн бибер. 2 тврдо варени јајца.
Вечера: Подготовете го тестото со смеса од (јајце, бадемово брашно, прашок за печиво, зачини). Наредете го тестото со рендана моцарела, говедски пршут, доматен сос. Печете околу 10 минути додека не се испече тестото. Гарнир со листови рукола.

Шести ден
Појадок: 2 пржени јајца на око, 10 динстани печурки, 100мл грчки јогурт, 1 парче сирење/кашкавал
Ужина: 1 порција Виталиа Кето пралине
Ручек: 200g печен лосос со лук и рузмарин. Листови марула. 1 лажица мајонез. 1 пиперка сецкана на стапчиња. 1 порција Виталиа кето крекери со семиња.
Вечера: Полнето пилешко со песто (босилек, индиски орев, пармезан, маслиново масло, сол) и крем сирење. Гарнир: 5 кругови печена тиквичка.

Седми ден:
Појадок: Виталиа Кето гранола со јаткасто овошје и цимет потопена во 100мл бадемово млеко (незасладено)
Ужина: 1 порција кето пралине
Ручек: Пире од карфиол со путер, сецкан кромид и рендано чедар сирење. Печено телешко месо 200g.
Вечера: Кето салата од брокула: 10 цветови варена брокула, 2 парчиња говедски пршут, 1 лажица сецкани бадеми, ½ среден кромид, сецкан на кругови, 5 парчиња тостирана тиквичка. Дресинг: 1 лажичка мајонез, 1 лажица сенф, 1 лажица јаболков оцет, сол и црн пипер.

Ви посакуваме успешно слабеење со кето режимот на исхрана!

Препорачани производи

Кето крекери со семиња

50g
Click for more

Кето пралине со путер од кикирики

72g
Click for more

Кето гранола со јаткасто овошје и цимет

280g
Click for more

Препорачани производи

Кето крекери со семиња

Кето пралине со путер од кикирики

Кето гранола со јаткасто овошје и цимет