Јазик

Протеинот од грашок – иднината на здравата исхрана

Home / nutrition / Протеинот од грашок – иднината на здравата исхрана

Протеинот од грашок – иднината на здравата исхрана

 

Најновите научни истражувања ја покажуваат важноста на исхраната со продукти од растително потекло. Ваквата исхрана е докажано дека е нутритивно богата и може да влијае на редукција на индексот на телесна маса, крвниот притисок и нивото на холестеролот, а воедно е суперекономична. Според тоа, се повеќе потрошувачи бараат производи што се базираат на растителни производи, при што  има посебен интерес за протеинот од грашок.

Оваа мешунка е одличен извор на протеин, а начинот на екстракција вклучува отстранување на скробот и растителните влакна, при што останува прашкаста форма на протеин кој се додава во смути, готови производи во прехранбената индустрија, десерти…

Здравствени и нутритивни бенефиции на протеинот од грашок

  • Извор на лизин – аминокиселина која е есенцијална за структурата на сврзното ткиво (кожа,коски, лигаменти). Дополнително помага во апсорпцијата на калциум.
  • Претставува хипоалергенски и безглутенски производ
  • 94% дигестибилност, лесен за стомакот
  • Богат со железо – помага во производството на крвни зрнца, намалува ризик од анемија
  • Има низок гликемичен индекс – погоден за дијабетичари
  • Содржи магнезиум – помага во регенерација на ткивата, регулација на крвниот притисок, ја подобрува функцијата на мозокот.

Безглутенските крекери Виталиа имаат уникатен нутритивен состав кој дополнително е збогатен со протеин од грашок.

Достапни во 3 вкуса, носат изобилство на хранливи материи и функционалности:

Безглутенски крекер со пармезан, спанаќ и протеин од грашок

Безглутенски крекер со чили, кромид и протеин од грашок

Безглутенски крекер со супер семиња и протеин од грашок

  • Без глутен -Погоден за глутен-сензитивни лица
  • Со суперхрана -За оптимален внес на омега-3 масни киселини
  • Големо количество на растителни влакна- За олеснета дигестија и продолжена ситост
  • Без палмино масло

Мал дел од здравствените придобивки вклучуваат регулација на холестеролот, подобрена дигестија, стимулација на лачење на серотонин, одржување на ситоста…

Консумирајте крекери како здрава ужинка во комбинација со сусамов таан, како додаток со готвени јадења и салати или како самостоен оброк.

Добивате вкусна и нутритивна ужинка која ве одржува сити и дава дополнителна енергија во текот на денот.

 

 

 

Препорачани производи

Крекери Без Глутен со суперсемиња

90g
Click for more

Крекери Без Глутен со Пармезан и Спанаќ

75g
Click for more

Крекери Без Глутен со кромид и чили

90g
Click for more

Препорачани производи

Крекери Без Глутен со суперсемиња

Крекери Без Глутен со Пармезан и Спанаќ

Крекери Без Глутен со кромид и чили