Апибронхи

healthy, natural, immunity, honeysupplement, stayhealthy, prevention,

АПИБРОНХИ медниот сируп е природен препарат подготвен од висококвалитетен мед во комбинација со лековитите билки: мајчина душичка, камилица, бозел, оригано и липа.
Ваквата комбинација на мед и лековити билки има исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот при воспаление на горните дишни патишта како кај децата, така и кај возрасните. Исто така е погоден и за лица со слаба отпорност кон болести, исцрпеност по прележана болест, лица со намален имунитет и склони кон настинки и инфекции на горните дишни патишта.

Кол

Share

Facebook

АПИБРОНХИ - медниот сируп е природен препарат подготвен од висококвалитетен мед во комбинација со лековитите билки: мајчина душичка, камилица, бозел, оригано и липа. Ваквата комбинација на мед и лековити билки има исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот при воспаление на горните дишни патишта како кај децата, така и кај возрасните. Исто така е погоден и за лица со слаба отпорност кон болести, исцрпеност по прележана болест, лица со намален имунитет и склони кон настинки и инфекции на горните дишни патишта.

Заради богатството на хранливи и заштитни материи медот е истовремено и храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните органи, штити од настинки и од исцрпеност при психички и физички напори.

Петте лековити билки: мајчина душица, камилица, бозел, оригано и липа, се познати по своето благотворно дејство на дишните патишта и традиционално се користат во превенцијата и ублажување на симптомите од различни заболувања на дишните органи: бронхитис, трахеит, грип и настинка. Бројните активни материи во овие билки, посебно флавонските и флавонолните гликозиди, етеричните масла и други, ја ублажуваат кашлицата, го олеснуваат искашлувањето на слузот и дејствуваат антивоспалително и антисептички на горните дишни патишта.

Употреба:
При акутни и хронични заболувања на горните дишни патишта: настинка, грип, бронхитис и др.

Начин на употреба:
Три до пет пати дневно по една супена лажица пред јадење. Погоден е и за деца. Може да се користи како помошна терапија заедно со лекарства препишани од лекар.

Состав:

Мед, течен херба екстракт од мајчина душица, бозел, камилица, оригано и липа

Алергени:

Нема траги на алергени.

Нутритивна вредност 100 g
Енергија 1352kJ/322Kcal
Масти0.0g
од кои заситени 0.0g
Јаглехидрати69.2g
од кои шеќери69g
Влакна 0.0g
Протеини 0.2g
Сол 0.0g
0g

"МАСТИ"


69g

"ШЕЌЕР"


0.2g

"ПРОТЕИНИ"


Linden

Linden wood is consumed by mouth for treating liver and gallbladder diseases in addition to infection and swelling. Charcoal made from linden wood is used for intestinal disorders.

Оригано

Ориганото е билка која се користи за готвење и медицински цели. Посебна употреба на ориганото вклучува третман на респираторни нарушувања, гастроинтестинални и уринарни нарушувања.

Мајчина душица

Мајчина душица е билка чиј цвет, лист и масло се користат како лек. Ефективна е против бронхитис, воспалено грло, гастритис, дијареа, паразитни инфекции и кожни нарушувања.

Камилица

Камилицата е една од најантичките билки познати во светот. Нејзините соединенија се корисни за третман на инфламација, мускулни грчеви, болки во абдоменот, рани, гастроинтестинални нарушувања и реуматична болка.

Мед

Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Апибронхи”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *