АПИДИГЕСТ - меден сируп е природен препарат подготвен од висококвалитетен мед во комбинација со лековитите билки: кантарион, коприва, ајдучка трева, нане, смил и пелин.
Препаратот ги соединува исклучителните диететски и нутритивни карактеристики на медот како природна храна и лек и лековитите билки познати по своето стимулирачко дејство врз органите за варење. Ваквата комбинација има исклучително позитивно влијание врз подобрувањето на апетитот и варењето на храната.
Заради богатството на хранливи и заштитни материи, медот претставува истовремено и храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и од исцрпеност при психички и физички напори.
Шестте лековити билки кои влегуваат во составот на препаратот: кантарион,коприва, ајдучка трева, нане, смил и пелин, се познати по своето дигестивно, стомахично, диуретично и антиинфламаторно дејство врз организмот на човекот. Традиционално се користат при стомачни тешкотии, заболувања на џигерот и жолчката, при диспепсии, анемија, губење на апетитот. Амаро-ароматичните соединенија присутни во овие билки ја зголемуваат секрецијата на стомакот и жолчката, го стимулираат апетитот и го подобруваат варењето на храната.
Употреба:
- За подобрување на апетитот и варењето на храната
- При диспепсии и други стомачни тегоби
Начин на употреба:
Три до пет пати дневно по една супена лажица пред јадење. Погоден е и за деца. Може да се користи како помошна терапија заедно со лекарствата препишани од лекар.
Апидигест
healthy, natural, immunity, honeysupplement, stayhealthy, prevention,АПИДИГЕСТ – меден сируп е природен препарат подготвен од висококвалитетен мед во комбинација со лековитите билки: кантарион, коприва, ајдучка трева, нане, смил и пелин.
Препаратот ги соединува исклучителните диететски и нутритивни карактеристики на медот како природна храна и лек и лековитите билки познати по своето стимулирачко дејство врз органите за варење. Ваквата комбинација има исклучително позитивно влијание врз подобрувањето на апетитот и варењето на храната.
Состав:
Мед, течен херба екстракт од кантарион, коприва, камилица, ајдучка трева, нане, смил и пелин
Алергени:
Нема никакви траги на алергени.
Нутритивна вредност | 100 g |
---|---|
Енергија | 1352kJ/322Kcal |
Масти | 0.0g |
од кои заситени | 0.0g |
Јаглехидрати | 69.2g |
од кои шеќери | 69g |
Влакна | 0.0g |
Протеини | 0.2g |
Сол | 0.0g |
"МАСТИ"
"ШЕЌЕРИ"
"ПРОТЕИНИ"

Нане
Нането е популарна билка со многу здравствени придобивки. Има смирувачки ефект врз желудникот, и го штити од металоиди. Исто така, содржи анти-воспалителен агенс, кој помага против алергии.

Пелин
Пелинот е билка со висока антиоксидантна активност. Исто така е исполнета со флавоноиди кои помагаат против кардиоваскуларни болести, рак и паразитски болести како маларија.

Ајдучка трева
Ајдучка трева е ароматично растение познато по медицинската употреба. Промовира добра дигестија, намалување на болките, има антивоспалителни карактеристики и може да биде ефективно против кожни состојби.

Камилица
Камилицата е една од најантичките билки познати во светот. Нејзините соединенија се корисни за третман на инфламација, мускулни грчеви, болки во абдоменот, рани, гастроинтестинални нарушувања и реуматична болка.

Мед
Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.
Коментари
Не постојат коментари