Апифорте

healthy, natural, immunity, honeysupplement, stayhealthy, prevention,

АПИФОРТЕ – медниот сируп е природен препарат подготвен од висококвалитетен мед во комбинација со лековитите билки: коприва, шипка, ајдучка трева и нане.
Ваквата комбинација на мед и лековити билки има исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот. Посебно е погоден за лица со слаба отпорност кон болести, исцрпеност по прележана болест, со намален имунитет и склоност кон болести и инфекции.

Кол

Share

Facebook

АПИФОРТЕ - медниот сируп е природен препарат подготвен од висококвалитетен мед во комбинација со лековитите билки: коприва, шипка, ајдучка трева и нане. Ваквата комбинација на мед и лековити билки има исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот. Посебно е погоден за лица со слаба отпорност кон болести, исцрпеност по прележана болест, со намален имунитет и склоност кон болести и инфекции.

Заради богатството на хранливи и заштитни материи, медот претставува истовремено и храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните и дигестивните органи, штити од настинки и од исцрпеност при психички и физички напор.

Лековитите билки кои влегуваат во составот на препаратот се познати по своето благотворно дејство врз организмот. Копривата е здрава и корисна диетална храна. Дејствува стимулативно врз метаболизмот, го јакне организмот, ја подобрува крвната слика, ја прочистува крвта. Шипката која е исклучително богата со природен витамин Ц, флавоноиди, каротен и минерални материи го подобрува имунитетот и отпорноста на организмот. Ајдучката трева има антисептичко и антивоспалително дејство, го јакне организмот после прележан грип и други болести. Нането поволно влијае врз метаболизмот на храната, има антисептичко и седативно дејство. Богато е со етерични масла кои му даваат пријатен вкус на медниот сируп.

Употреба:

- За зголемување на имунитетот и отпорноста кон болести - При општа слабост и исцрпеност на организмот

Начин на употреба: Три до пет пати дневно по една супена лажица пред јадење. Погоден е и за деца. Може да се користи како помошна терапија заедно со лекарствата препишани од лекар.

Состав:

Мед, течен херба екстракт од коприва, шипка, ајдучка трева, нане

Алергени:

Нема траги на алергени

Нутритивна вредност 100 g
Енергија1352kJ/322Kcal
Масти0.0g
од кои заситени 0.0g
Јаглехидрати69.2g
од кои шеќери69g
Влакна 0.0g
Протеини0.2g
Сол0.0g
0g

"МАСТИ"


69g

"ШЕЌЕР"


0.2g

"ПРОТЕИНИ"


Нане

Нането е популарна билка со многу здравствени придобивки. Има смирувачки ефект врз желудникот, и го штити од металоиди. Исто така, содржи анти-воспалителен агенс, кој помага против алергии.

Ајдучка трева

Ајдучка трева е ароматично растение познато по медицинската употреба. Промовира добра дигестија, намалување на болките, има антивоспалителни карактеристики и може да биде ефективно против кожни состојби.

Мед

Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Апифорте”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *