Апитусис

healthy, natural, immunity, honeysupplement, stayhealthy, prevention,

АПИТУСИС медниот сируп е природен препарат подготвен од високо квалитетен мед во комбинација со лековитите билки: јаглика,мајчина душица, риган и црн слез.
Ваквата комбинација на мед и лековити билки со експекторантно (секретолитино) дејство, го олеснуваат искалшлувањето на секретот при влажна кашлица и имаат исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот при воспаление на горните дишни патишта како кај децата така и кај возрасните.

Кол

Share

Facebook

АПИТУСИС медниот сируп е природен препарат подготвен од високо квалитетен мед во комбинација со лековитите билки: јаглика,мајчина душица, риган и црн слез. Ваквата комбинација на мед и лековити билки со експекторантно (секретолитино) дејство, го олеснуваат искалшлувањето на секретот при влажна кашлица и имаат исклучително позитивно и заштитно влијание врз организмот при воспаление на горните дишни патишта како кај децата така и кај возрасните.

Заради богатството на хранливи и заштитни материи, медот претставува истовремено и храна и лек. Благотворно влијае врз јакнењето на организмот и зголемување на отпорноста кон болести. Поволно влијае врз дишните органи и штити од настинки и од исцрпеност при психички и физички напор.

Билката Јаглика(Primula veris flos) спаѓа во групата на рефлексни експекторанти што се должи на присуството на сапонини. Оваа група на соединенија која е во значителна концентрација во Јагликата, ги дразни сетилните нерви на слузниците во стомакот и дуоденумот. Оваа дразба рефлексно се пренесува до бронхите каде се зголемува екскрецијата на слузните секрети кои се разводнуваат и полесно се искашлуваат.

Билките Мајчина душица (Thymus serpyllum herba) и Риган (origanum vulgare herba) спаѓаат во групата на експекторанти со непосредно дејство што се должи на присуството на етерично масло. Имено, етеричното масло ги омекнува слузните секрети, ја намалува нивната вискозност во воспалените дишни органи и го олеснува нивното искашлување. Покрај етеричното масло, овие билки содржат и горчливи материи , флавоноиди, смоли и други активни материи кои дејствуваат антивоспалително и антисептички на горните дишни патишта.

Црниот слез ( Malva sylvestris herba) содржи слузави материи кои ја обложуваат и омекнуваат заболената слузница и со тоа ја ублажуваат кашлицата. Сите билки кои се составен дел на овој сируп се наоѓаат на Листата на дозволени лековити билки за додатоци на храна и се означени како ефективни од страна на Германските регулаторни власти.

Употреба: При влажна кашлица, инфекции на горните дишни патишта, бронхитис и др.

Начин на употреба: Три до пет пати дневно по една супена лажица пред јадење. Посебно погоден е за деца. Може да се користи како помошна терапија заедно со лекарства препишани од лекар.

Пред употреба шишето со сируп треба добро да се протресе.

Состав:

Мед, течен херба екстракт од јаглика, мајчина душица, риган и црн слез

Алергени:

Нема траги на алергени.

Нутритивна вредност100 g
Енергија1352kJ/322Kcal
Масти0.0g
од кои заситени0.0g
Јаглехидрати 69.2g
од кои шеќери69g
Влакна 0.0g
Протеини0.2g
Сол0.0g
0g

"МАСТИ"


69g

"ШЕЌЕР"


0.2g

"ПРОТЕИНИ"


Невен

Невенот содржи многу активни конституенти, вклучувајќи неколку антиоксидантни. Ја подобрува циркулацијата, помага во регулација на инфламацијата, го зајакнува имунитетот и има природни антисептички карактеристики.

Јаглика

Јаглика е билка што се употребува за медицински и нутритивни цели. Содржи есенцијални масни киселини и е корисна за лечење на рани, намалување на болки и за вознемирен стомак.

Мајчина душица

Мајчина душица е билка чиј цвет, лист и масло се користат како лек. Ефективна е против бронхитис, воспалено грло, гастритис, дијареа, паразитни инфекции и кожни нарушувања.

Мед

Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Апитусис”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *