Безглутенски мусли со семиња и овошје

tasty, nutritious, vitamins, breakfast, healthyfood, perfectmorning,

Брусница, малина, капина, боровинка, ананас- безглутенските супермусли изобилуваат со толку многу овошје за одличен почеток на денот. Но не е тоа единствениот незаменлив спој за секое утро.

Кол

Share

Facebook

Брусница, малина, капина, боровинка, ананас- безглутенските супермусли изобилуваат со толку многу овошје за одличен почеток на денот. Но не е тоа единствениот незаменлив спој за секое утро. Прекрасниот -Богатиот извор на протеини ви нуди енергија за извршување на сите задачи во текот на едно утро. Комбинацијата на овошје и семиња е совршен оброк со сите хранливи материи на овие супермусли на Виталиа.

  • Не содржат глутен и се погодни за лица кои се интолератни на глутен.
  • Содржат 34% овошје
  • Природен извор на диетални влакна
  • Содржат Superfood
  • Посни и погодни за вегани
  • Не содржат вештачки бои и ароми
  • Мало количество на заситени масти


Спојот од брусница, малина, капина, боровинка и ананас изобилува со сите антиоксиданти потребни за здрава функција на вашиот организам. Сега е можно да го заштитите телото од слободни радикали уживајќи во освежителната боровинка. Вкусните капини споени со незаситени масни киселини од чиа семете го прават оброк

Го штитат организмот од слободни радикали и оштетување на клеточните мембрани. Спојот од диетални влакна е одличен за забрзување на цревна активност.

Состав:

сушено овошје (грозје, брусница (брусница, јаболков сок, сончогледово масло), слива, боровница, ананас, кора од портокал, малина, калинка), оризови снегулки, семиња (сончоглед, лен, чиа), соја снегулки, киноа снегулки, снегулки од просо, снегулки од хељда, арома.

Алергени:

Производот содржи соја, може да содржи траги од јаткасто овошје .

Нутритивна вредностper 100g
Енергија1312kJ / 313kcal
Масти 2.1 g
од кои заситени 0.3 g
Јаглехидрати64.6 g
од кои шеќери18.8 g
Влакна 5.2 g
Протеини 7.2 g
Сол 0.2 g
Глутен<20mg/kg
2.1g

"МАСТИ "


7.2g

"ПРОТЕИНИ"


5.2g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


Ананас

Ананасот е високонутритивно тропско овошје, особено со витамин Ц и манган. Тој содржи бромелаин, мешавина од протеолитички ензими, која има посебна корист за здравјето на луѓето.

Брусница

Брусницата е шумско овошје што содржи умерени нивоа на витамин Ц, растителни влакна и есенцијални минерали - манган и други микронутритиенти. Помага против уринарни инфекции.

Слива

Сливите се вкусно овошје богато со витамин Ц. Витаминот Ц е моќен антиоксидант кој го намалува оксидативниот стрес и го стимулира имунитетот.

Малина

Има свеж вкус, хармоничен баланс од слатко и горчливо. Богат извор на антиоксидантни, влакна и витамин Ц, кој го промовира формирањето на колагенот.

Соја снегулки

Соја снегулките се подготвени од соја зрна со процесот на кршење, лупење, пресување, екстракција и тостирање. Тие се без холестерол, лесно варливи и нискомаслени. Ги содржат сите аминокиселини.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б и Е витамин. Исто така содржат фитостероли кои придонесуваат кон редукција на холестеролот.

Чиа семе

Чиа семето е античка суперхрана богата со омега-3 масни киселини, Б витамини и минерали. Тие се екстремно корисни за менаџмент на тежината и метаболизмот на мастите.

Снегулки од просо

Снегулки од просо се подготвени од кршени просо зрна, и се богати во нутритиенти и Б витамини. Содржат изобилство на железо, калциум, фосфор и калиум, минерали кои помагаат во метаболички функции.

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.

Ленено семе

Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.