Гранола бар со какао крем – без додаден шеќер

cerials, tasty, nutritious, noaddedsugar, fibers, cocoa, oats, indulgence,

Енергија плус уживање. Темното чоколадо ги спојува силите со целозрнест овес за да ги скроти вашите желби и да ве енергизира во текот на денот.

Кол

Share

Facebook

Енергија плус уживање. Темното чоколадо ги спојува силите со целозрнест овес за да ги скроти вашите желби и да ве енергизира во текот на денот.

Вкусен гранола бар формулиран со 100% интегрален овес кој нуди изобилство на растителни влакна, витамини и минерали. Нутритивна бомба за подобра дигестија, намалување на холестеролот и оптимален баланс на организмот.

Додадовме чиа семе и киноа за дополнителни омега-3 масни киселини и внес на комплетни протеини. Збогатен со протеин од грашок за да ве задржи сити подолго време.

Засладен со стевиа, без шеќери, вештачки бои и ароми.
Грабнете го вашиот гранола бар и енергизирајте се на здрав начин.

Состав:

овесни снегулки, какао крем со стевиа (засладувач: изомалт и стевиол гликозид, канола масло, какао маса, какао прав, арома, емулгатор: соја лецитин), пченично интегрално брашно, растително масло (канола), сорбитол, екструдиран ориз, протеин од грашок, пченкарно брашно, семе од чиа, киноа снегулки, какао во прав, средство за нараснување: натриум бикарбонат, емулгатор: соја лецитин, арома, готварска сол. Прекумерна употреба може да предизвика лаксативен ефект.

Алергени:

: Содржи глутен и соја. Може да содржи траги од сусам, млеко, јаткасто овошје и кикирики.

Нутритивна вредност100 g/r
Енергија2087 КЈ/497 kcal
Масти24.1 g
од кои заситени9.8 g
Јаглехидрати59.8 g
од кои шеќери0.9 g
Полиоли12 g
Влакна 3.5 g
Протеини 8.4 g
Сол 0.2 g
0.9g

"ШЕЌЕРИ "


3.5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


8.4g

"ПРОТЕИНИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Екструдиран ориз

Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Чиа семе

Чиа семето е античка суперхрана богата со омега-3 масни киселини, Б витамини и минерали. Тие се екстремно корисни за менаџмент на тежината и метаболизмот на мастите.

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Какао крем

Какао кремот е богата комбинација на обезмастено млеко во прав и слатко-горчливиот вкус на чоколадото, засладено со стеиа. Нуди вкусна арома и изобилство на полифеноли и минерали.

Протеин од грашок

Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.

Какао

Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.