Кето гранола со кокос и какао

vitalia, weight loss, health food, coconut, cocoa, diabeticfriendly, keto, ketodiet,

Кето појадок совршено избалансиран со богат вкус на кокос и неодоливи какао зрна, надополнет со уникатна арома на ванила Bourbon.

Кол

Share

Facebook

Кето појадок совршено избалансиран со богат вкус на кокос и неодоливи какао зрна, надополнет со уникатна арома на ванила Bourbon.
Како дел од кето исхраната, 1 порција од 55g обезбедува 15% енергија со само 6g јаглехидрати и без грам шеќер.

  • Без додаден шеќер
  • Без глутен
  • Извор на протеини
  • Со високо количество растителни влакна
Начин на употреба: 4 супени лажици (55g) гранола се потопуваат во 100мл млеко или јогурт.

Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.

Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50g.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.

Состав:

кокос 32%, засладувач: еритрол, семки од сончоглед, ленено семе, бадем, Tigernut во прав, какао во прав 4%, кравја сурутка, какао маса 2,7%, какао зрна 1,4%, кардамон, ванила екстракт Bourbon.

Алергени:

Содржи млеко и јаткасти плодови. Може да содржи трагови од соја, сусам и кикирики.

Нутритивна вредност100 g
Енергија2422КЈ/579kcal
Масти42.3 g
од кои заситени36.5 g
Јаглехидрати27 g
од кои шеќери0.6 g
Полиоли16 g
Влакна8.8 g
Протеини18.5 g
Сол0.4 g
Глутен< 20 mg/kg
27g

"ЈАГЛЕХИДРАТИ"


0.5g

"ШЕЌЕРИ"


18g

"ПРОТЕИНИ"


Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.

Ленено семе

Лененото семе содржи високо ниво на протеин, растителни влакна, неколку Б витамини и минерали. Претставува одличен додаток во салата, мусли и барови нудејќи омега-3 масни киселини.

Tigernut

Tigernuts се јаткасти плодови, слични на леблебија, кои содржат разновидни хранливи материи и активни состојки. Тие исто така се богат извор на антиоксиданти кои го штитат телото од стареење и болести како што се кардиоваскуларните.

Протеин од сурутка

Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.

Цимет

Циметот е зачин од внатрешниот дел на дрво. Вкусот на циметот се должи на ароматичните есенцијални масти. Богато е со витамин К, Е, калциум, железо и цинк.

Ванила

Ванилата е втор најскап зачин во светот по шафранот. Ванилата е високо ценета поради својот вкус, мирис и одличен додадок во секој производ.

Бадеми

Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

Кокос

Кокосот доаѓа од тропските региони каде што е користен за месестиот дел и кокосовата вода. Богат е со лаурична киселина и содржи растителни влакна и минерали, особено калиум.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Кето гранола со кокос и какао”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *