Кето пралине со путер од кикирики

weight loss, health food, diabeticfriendly, keto, ketodiet, truffles,

Вкусен и здрав кето десерт формулиран од квалитетно темно чоколадо и кремаст путер од кикирики и крцкави јаткасти плодови.
Овие слатки пралине се совршена нискојаглехидратна ужина и десерт, со крцкава текстура и одличен вкус.

Кол

Share

Facebook

Вкусен и здрав кето десерт формулиран од квалитетно темно чоколадо и кремаст путер од кикирики и крцкави јаткасти плодови. Овие слатки пралине се совршена нискојаглехидратна ужина и десерт, со крцкава текстура и одличен вкус.
Како дел од кето диетата, една порција кето пралини (24g) обезбедува 5.8g јаглехидрати и 7% од потребната енергија за утринска или попладневна ужина/десерт.

  • Ниско количество на јаглехидрати
  • Без додаден шеќер / ниско количество на шеќери
  • Извор на протеини
  • Со високо количество растителни влакна
Препорачана употреба: 1-2 порции кето пралине како утринска или попладневна ужина/десерт.

Зошто КЕТО исхрана?
Кетогената исхрана се базира на принципот на внес на поголемо количество масти и протеини, а минимален внес на јаглехидрати. Намалениот внес на јаглехидрати го доведува телото во метаболитичка состојба – кетоза, при што се трошат масните резерви, односно мастите се согоруваат и стануваат примарен извор на енергија.

Дневните нутритивни потреби во кето режимот се 70% масти, 25% протеини и 5% јаглехидрати, односно внесот на јаглехидрати не смее да биде поголем од 50g.
Кето исхраната особено се препорачува за дијабетичари поради ниското ниво на јаглехидрати и шеќери, а помага и во редукција на телесната тежина и намалување на ризикот од неуродегенеративни заболувања како Алцхајмер.

Состав:

путер од кикирики (печени кикирики, хималајска сол), кикирики, темно чоколадо со стевиа 30% ( какао путер, какао маса, засладувачи : изомалт и стевиол гликозиди, емулгатор: соја лецитин, арома ), лешник, индиски орев, овесни снегулки, растителни влакна, киноа снегулки, корнфлекс (пченка, готварска сол, јачменов слад, емулгатор: моно и диглицериди на масни киселини )

Алергени:

Содржи соја, кикирики, јаткасто овошје и глутен. Може да содржи трагови од сусам.

Нутритивна вредност100 g
Енергија2634kJ/627kcal
Масти47.8 g
од кои заситени11.9 g
Јаглехидрати27.7 g
од кои шеќери1.7 g
Влакна6 g
Протеини18.5 g
Сол0.3 g
27g

"ЈАГЛЕХИДРАТИ"


1.7g

"ШЕЌЕРИ"


18.5g

"ПРОТЕИНИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Темно чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.

Стевиа

Стевиа е екстракт од растението Stevia rebaudiana. Има ниска калорична вредност и е погодна за дијабетичари, со два пати поголема сладост од шеќерот

Пченкарни снегулки

Пченкарните снегулки се житарки добиени со процесирање на снегулките од пченка. Богати се со јаглехидрати, протеини, магнезиум и железо, витамин Б 12, Б6 како и витамин Д и А.

Лешник

Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.

Јачменов слад

Јачменовиот слад е нерафиниран засладувач процесиран од екстракција од ртен јачмен, кој содржи 65%малтоза, 30% комплексни јаглехидрати и 3% протеин.

Кикирики

Кикириките се богати со есенцијални нутритиенти: Б витамини, Е витамин, манган, магнезиум, фосфор и растителни влакна. Тие исто така содржат 25г протеин на 100г, што е повисока количина од многу јатки.

Киноа снегулки

Секое зрно киноа се пресира за да се формираат снегулки. Тоа значи дека снегулките ги имаат истите високонутритивни карактеристики на киноата: без глутен, есенцијални аминокиселини и полни со растителни влакна.

Индиски орев

Индиските ореви имаат путерест, сладок и солен вкус со уникатен облик и одличен извор на витамини и минерали. Тука спаѓаат витамините Е, К и Б5 и минералите - бакар, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

Путер од кикирики

100% природен путер од кикирики, кој содржи само печени кикирики и хималајска сол. Претставува извор на витамини и минерали како што се Б и Е витамини и магнезиум, цинк, фосфор.