Кранчи мусли со јагода и чоколадо

cerials, tasty, crunchy, breakfast, chocolate, мусли, strawberry,

Кранчи муслите претставуваат природен извор на важни хранливи материи и идеален извор на енергија за активен ден. Совршено се комбинираат со млеко или јогурт, обезбедуваат лесен и вкусен оброк.

Кол

Share

Facebook

Нов вкус на вашите омилени крцкави мусли! Слатка и здрава комбинација од незаменливата јагода збогатена со неодоливиот вкус на чоколадото.
Кранчи муслите содржат изобилство на овесни снегулки, кои се богати со растителни влакна, витамини и минерали. Нутритивно богатство кое ја подобрува дигестијата, го намалува холестеролот и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

  • Збогатени со минерали Ca и Mg
  • Големо количество на растителни влакна
  • Без палмино масло
  • Без вештачки бои и адитиви

Одличен избор за енергичен појадок или слатка ужина!
Употреба: Потопете 4 супени лажици (55g) во млеко, јогурт, овошен сок или вегански напиток.

НАМАЛУВАЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО ВИТАЛИА CRUNCHY MUESLI
Тврдењето „30% помалку шеќер“ се однесува на содржината на шеќер во Виталиа Crunchy Muesli наспроти просекот на другите крцкави мусли присутни на пазарот. Процентот на намалување на шеќерот е поголем во однос на претходниот рецепт за Виталиа Crunchy Muesli. За поддршка на овој нов рецепт, анализирани се податоците за продажба на пазарот со цел да се идентификуваат производите во категоријата Crunchy Muesli. Просечната содржина на шеќер на 100g е добиена со проверка на декларациите на пакувањето, веб-страниците на производителите и малопродажните објекти.

Состав:

овесни снегулки 65%, растително масло (канола), екструдиран ориз, гликозен сируп, чоколадни капки 8% (какао путер, какао маса, шеќер, емулгатор: соја лецитин, арома), кафеав шеќер, пченични снегулки, пченично брашно, пченкарно брашно, сушена јагода 1%, мед, пченкарен скроб, емулгатор: сончогледов лецитин, какао во прав, арома, готварска сол, боја: карамел, регулатори на киселост: калциум лактат, тримагнезиум дицитрат. Какао делови во чоколадо: мин. 35%.

Алергени:

Содржи соја и глутен. Може да содржи траги од јаткасто овошје и сусам.

Нутритивна вредност100 g
Енергија1831,2 КЈ / 436 kcal
Масти15 g
од кои заситени6 g
Јаглехидрати62g
од кои шеќери19 g
Влакна6.5 g
Протеини10 g
Сол0.5g
Магнезиум56.3mg
Калциум120mg
6g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


6.5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


10g

"ПРОТЕИНИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Екструдиран ориз

Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

Јагода

Јагодите се широко ценето овошје заради карактеристичната арома, светло црвената боја, сочната текстура и сладост. Тие се одличен извор на витамин Ц, манган и важни фитохемикалии.

Пченични снегулки

Здрави и вкусни, овие снегулки од целозрнеста пченица обезбедуваа 26% од дневниот внес на растителни влакна. Природните влакна од пченицата докажано е дека промовираат регуларност на дигестивниот тракт.

Мед

Медот ја добива својата сладост од моносахаридите фруктоза и глукоза. Колку потемна боја има, толку повеќе полифеноли содржи. Исто така е богат со Б витамини, железо и цинк.

Чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го накачуваат серотонинот.

Чоколадни капки

Чоколадните капки се слатки додатоци, подготвени од печени и мелени какао зрна. Богати се со полифеноли, кои го зголемуваат допаминот и ендорфините и го подобруваат расположението.

Кафеав шеќер

Кафеавиот шеќер е сахароза со специфична кафеава боја која се должи на присуството на меласа. Споредено со бел шеќер содржи минерали како калиум, железо, магнезиум и калциум.