Гранола мусли со јаткасто овошје

tasty, nutritious, purenuts, vitamins, minerals, childrenfriendly, healthyliving,

Гранола муслите со јаткасто овошје збогатени со Магнезиум и Б комплекс претставуваат оригинална мешавина на овесни снегулки и јаткасто овошје (лешник, бедеми, орев).

Кол

Share

Facebook

Гранола муслите со јаткасто овошје збогатени со Магнезиум и Б комплекс претставуваат оригинална мешавина на овесни снегулки и јаткасто овошје (лешник, бедеми, орев).

Произведени се според оргинален рецепт од овесни снегулки прелиени со мед кои се печат се додека не станат крцкави и збогатени со јаткасти овошја.

Јаткастото овошје присутно во гранолата го снабдува организмот со незаситени масни киселини. Високиот процент на овесни снегулки ги прави Гранола муслите значаен извор на диетални влакна кои благопријатно делуваат на цревната микрофлора и дигестивниот тракт. Присуството на Магнезиум и Б комплекс ги прави Гранола муслите со јаткасто овошје добро избалансирана здрава храна со високи нутритивни вредности.

Се конзумираат со млеко или јогурт и се здрав избор на појадок за деца, тинејџери,млади, возрасни, спортисти, трудници и за сите оние кои се грижат за своето здравје.

Состав:

гранола ( овесни снегулки, кафеав шеќер, растително масло ( канола), гликозен сируп, мед, емулгатор: соја лецитин, арома), суво грозје, јаткасти плодови ( лешник, бадем, орев), тримагнезиум дицитрат, ниацин, пиридоксин хидрохолорид, калциум-Д-пантотенат, тиамин мононитрат, рибофлавин, фолна киселина. niacin,

Алергени:

Содржи соја, глутен и јаткасти плодови. Може да содржи траги од сусам.

<

Нутритивна вредност100 g
Енергија1866,5kJ /444kcal
Масти 15 g
од кои заситени3.3 g
Јаглехидрати62,1 g
од кои шеќери14 g
Влакна8,5 g
Протеини 11 g
Сол 0,1 g
Ниацинт 2, 7 mg (17%)*
Пантотенска киселина 0, 9 mg (15%)*
Тиамин0,21 mg (19%)*
Витамин Б60,3 mg (21%)*
Рибофлавин0,24 mg (17%)*
Фолна киселина30 µg (15%)*
Магнезиум 56, 3 mg (15%)*
8.5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


11g

"ПРОТЕИНИ"


11.7g

"НЕЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Ореви

Оревите се особено богати со полинезаситени масни киселини кои го редуцираат ризикот од коронарна срцева болест. Тие се идеални за консумација наутро за зголемување на мозочната активност.

Бадеми

Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

Лешник

Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските, одржување на нервниот систем, регулација на метаболизмот на масти.

Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Гранола мусли со јаткасто овошје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *