Темен Мусковадо – нерафиниран темно кафеав шеќер

healthy, natural, sweet, pure,

Кафеавиот шеќер Dark Muscovado на Виталиа потекнува од Јужна Африка, од островот Маурициус каде тропската клима и незагадената почва овозможуваат да се произведе најквалитетен нерафиниран шеќер во светот. ВИТАЛИА кафеавиот шеќер е произведен на едноставен начин, со цел да се задржи, а не да се одстрани, природната меласа на шеќерната трска.

Кол

Share

Facebook

Кафеавиот шеќер Dark Muscovado на Виталиа потекнува од Јужна Африка, од островот Маурициус каде тропската клима и незагадената почва овозможуваат да се произведе најквалитетен нерафиниран шеќер во светот. ВИТАЛИА кафеавиот шеќер е произведен на едноставен начин, со цел да се задржи, а не да се одстрани, природната меласа на шеќерната трска.
Квалитетот на шеќерот се согледува преку концентрацијата на природна меласа во него. Токму во меласата се содржани сите хранливи состојки на шеќерната трска. Според тоа, колку што е шеќерот потемен (со потемна кафеава боја) толку неговата содржина на витамини и минерали е поголема. Тоа значи дека во белиот шеќер нема воопшто меласа, односно целосно се одстранети хранливите состојки важни за здрав организам. Со други зборови конзумирајќи бел шеќер внесувате само калории и ништо повеќе. Затоа секогаш кога имате потреба од засладување помислете на сопствениот избор. Наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер од палетата на Виталиа со што ќе добиете не само вкусен туку и здрав оброк.
DARK MUSCOVADO е темен кафеав шеќер со темна медова боја и одличен вкус. Тој им дава дополнителна арома на напитоците, колачите, тортите. Слатките топчиња подготвени со кафеав MUSCOVADO шеќер имаат неповторлив вкус кој ќе ги воодушеви и најголемите гурмани. Прифаќањето на здравиот начин на исхрана е можно. Целосното уживање во таа промена зависи само од Вас.
Бидете убедени дека со заменувањето на белиот шеќер со кафеав не само што им нудите поздрава исхрана на своите најблиски туку и можност да се запознаат со нов вкус и арома својствени само за нерафинираниот шеќер.

Состав:

кафеав шеќер

Нутритивна вредност100g
Енергија347.8 / 1456 kcal / KJ
Масти 0.09 g
Јаглехидрати94.9 g
од кои шеќери94.9 g
Протеини0.58 g
0.09g

"МАСТИ"


0.58g

"ПРОТЕИНИ"


347.8

"ЕНЕРГИЈА"


Кафеав шеќер

Кафеавиот шеќер е сахароза со специфична кафеава боја која се должи на присуството на меласа. Споредено со бел шеќер содржи минерали како калиум, железо, магнезиум и калциум.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Темен Мусковадо – нерафиниран темно кафеав шеќер”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *