Гроздов слад Маџун

healthy, minerals, grapes, naturalsweetener,

Гроздовиот слад – маџун е извонреден природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови виновa лоза од македонското поднебје.

Содржи гроздов и овошен шеќер, хидросолубилни витамини (B1, B2, B3, B6 и C), минерали, (К, Na, Ca, P, Fe), танини, флавоноиди, органски киселини.

Кол

Share

Facebook

Гроздовиот слад - маџун е извонреден природен производ добиен од гроздовиот сок на најквалитетните видови виновa лоза од македонското поднебје.
Содржи гроздов и овошен шеќер, хидросолубилни витамини (B1, B2, B3, B6 и C), минерали, (К, Na, Ca, P, Fe), танини, флавоноиди, органски киселини.
Што е МАЏУН? Едно од основните правила на здравата исхрана е замена на белиот шеќер со природен засладувач како што е медот, јачменовиот слад или кафеавиот нерафиниран шеќер Мусковадо. Но денес ќе ве запознаеме со уште еден извонреден природен засладувач од палетата на ВИТАЛИА. Станува збор за МАЏУНОТ природен засладувач од грозје подготвен според традиционален македонски рецепт. Маџунот или уште наречен гроздов слад, е специјалитет добро познат на нашите предци како по својот оригинален вкус и арома така и по благотворното дејство врз човековото здравје. Маџунот се добива со изварување на гроздовиот сок исцеден од меленото грозје. За гроздовиот сок се вели дека е хранлив како и мајчиното млеко. Изобилува со минерали, витамини, енергетски супстанции, танини, флавоноиди. Токму поради тоа Маџунот представува вистинска ризница на неопходни хранливи состојки кој ќе ви помогне да го сочувате и подобрите здравјето.
Маџунот можете веднаш да го воведете во секојдневната исхрана и тоа пред се за засладување на напитоците, чајот, млекото, житните каши, муслите или пак како прелив на тортите и колачите. Научете ги своите најблиски на здрави прехранбени навики заменувајќи го белиот шеќер со Маџун. Со тоа не само што ќе го подобрите вкусот на тоа што го конзумирате туку ќе направите вистински чекор напред кон подобрување на здравјето и психофизичката состојба. Употреба: по една супена лажица 1-2 дневно растворена во вода, чај, млеко.

Состав:

концентриран маџун

Алергени:

Не содржи алергени.

Нутритивна вредност100g
Енергија1253KJ/299,05Kcal
Масти/
од кои заситени/
Јаглехидрати73g
од кои шеќери/
Влакна/
Протеини/
Натриум/
0g

"МАСТИ"


0g

"ШЕЌЕРИ"


299kcal

"ЕНЕРГИЈА"


Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Гроздов слад Маџун”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *