Протеинско топче со кикирики и суво грозје

proteinsnack, powerbomb, sportfriendly, nutrientpacked,

Иновативен рецепт и технологија применета за да се создаде единствен облик на топка со супериорна нутритивна вредност. Оваа протеинска топка е преполна со протеини добиени од протеини од грашок, штоја  прави идеална за поддршка на вашите тренинг цели, без оглед на вашиот животен стил, бидејќи протеините придонесуваат за раст на мускулна маса. Засладено со сируп од урма и јаворов сируп претставува најдобрата здрава ужинка.

Кол

Share

Facebook

Иновативен рецепт и технологија применета за да се создаде единствен облик на топка со супериорна нутритивна вредност. Оваа протеинска топка е преполна со протеини добиени од протеини од грашок, штоја  прави идеална за поддршка на вашите тренинг цели, без оглед на вашиот животен стил, бидејќи протеините придонесуваат за раст на мускулна маса. Засладено со сируп од урма и јаворов сируп претставува најдобрата здрава ужинка. Додадените кикирики и суво грозје нудат дополнителни здравствени придобивки и одличен вкус. Придобивки од консумирање протеини:

  • Подобрена функција на мозокот
  • Подобар имунитет
  • Добар метаболизам
  • Синтеза на мускулна маса
  • Повисоки нивоа на енергија
  • Пократко време на опоравување
  • Побрзо заздравување на повредите на раните
  • Подобрена хормонска функција
  • Зголемена апсорпција на калциум
Консумирајте 1 протеинска топка секојдневно како ужинка во движење или помеѓу оброци. Откако ќе се отвори да се консумира во рок од 24 часа. Погодно за вегетаријанци / вегани и лица нетолерантни на глутен. Направете промена од вашите редовни протеински барови и шејкови- овие мали топчиња од хранливи материи се совршени за земање со вас каде и да одите, а вие можете да ги уживате без вина.

Состав:

протеин од грашок, сируп од урма,  растителни влакна,  овесни снегулки без глутен,  концентриран овошен сок (крушка , јаболко и грозје), суво грозје 6%, сончогледово семе, кокосово масло ладно цедено, јаворов сируп, кикирики 3%, путер од кикирики, какао прав, готварска сол, арома, боја карамел

Алергени:производот содржи кикирики. Може да содржи траги од соја, јаткасто овошје и сусам

Нутритивна вредност100 g/r
Енергија1466 КЈ/349 kcal
Масти6.8g
од кои заситени3.4g
Јаглехидрати43 g
од кои шеќери30.4g
Влакна12.5 g
Протеини22.6g
Сол 0.40 g
Глутен<20 mg/kg
22.6g

"ПРОТЕИНИ"


12.5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


3.4g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Протеин од грашок

Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.

Сируп од урма

Сирупот од урма е вкусна и здрава замена за шеќер. Богат е со полифеноли кои се моќни антиоксиданти и имаат антибактериски карактеристики. Богатиот состав со железо го намалува ризикот од развивање анемија.

Кокосово масло

Кокосовото масло се екстрахира од кокос и содржи високо количество масни киселини кои го поттикнуваат согорувањето на мастите, го обезбедуваат телото со брза енергија, го покачуваат добриот HDL холестерол и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Јавор

Јаворот е дрво од кое се вади сокот и се вари за да се производе јаворов сируп. Потребни се 40 литри на сладок јаворов сок за да се направи 1 литар од сируп. Богат со антиоксидантни, минерали и полифеноли.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б витамини и Е витамин. Исто така содржи фитостероли кои можат да придонесат кон ниски нивоа на холестерол.

Екструдиран ориз

Екструзијата ја дава опцијата за реформулација на оризово брашно во производ кој може да се обликува. Во овој процес, можат да се додадат потенцијално функционални состојки во оризовото тело.

Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Суво грозје

Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

Карамела

Карамелата е уникатна состојка дериват од термички обработен шеќер. Има слатко-горчлив вкус и е одличен додаток во десерти, овесни каши и печива.

Какао

Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Протеинско топче со кикирики и суво грозје”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *