Протеинско топче со темно чоколадо

proteinsnack, powerbomb, sportfriendly, nutrientpacked,

Иновативен рецепт и технологија применета за да се создаде единствен облик на топка со супериорна нутритивна вредност. Оваа протеинска топка е преполна со протеини добиени од протеини од грашок, што ја  прави идеална за поддршка на вашите тренинг цели, без оглед на вашиот животен стил, бидејќи протеините придонесуваат за раст на мускулна маса. Засладено со сируп од урма и јаворов сируп претставува најдобрата здрава ужинка.

Кол

Share

Facebook

Иновативен рецепт и технологија применети за создавање уникатна форма на топче со супериорна нутритивна вредност. Деликатно крцкави, нашите чоколадни протеински топчиња се создадени со неодоливо какао во прав и протеин од грашок и сурутка, за вкусно on-the-go уживање. Засладено со сируп од урма и јаворов сируп претставува најдобрата здрава ужинка. Темното чоколадо содржи флавоноиди кои го зголемуваат нивото на ендорфини и го подобруваат расположението. Придобивки од консумирање протеини:

  • Подобрена функција на мозокот
  • Подобар имунитет
  • Добар метаболизам
  • Синтеза на мускулна маса
  • Повисоки нивоа на енергија
  • Пократко време на опоравување
  • Побрзо заздравување на повредите на раните
  • Подобрена хормонска функција
  • Зголемена апсорпција на калциум
Консумирајте 1 протеинска топка секојдневно како ужинка во движење или помеѓу оброци. Откако ќе се отвори да се консумира во рок од 24 часа. Погодно за вегетаријанци и лица нетолерантни на глутен. Направете промена од вашите редовни протеински барови и шејкови- овие мали топчиња од хранливи материи се совршени за земање со вас каде и да одите, а вие можете да ги уживате без вина.

Состав:

протеин од грашок, олигофруктоза, сируп од урма, јаболков сок концентрат, пченкарен скроб, протеин од кравја сурутка 80%, концентриран овошен сок од крушка , какао прав, темно чоколадо (шеќер, какао путер, какао маса, какао прав, емулгатор: соја лецитин), концентриран гроздов сок, кокосово масло ладно цедено, мача во прав 0,5% , готварска сол, арома

Алергени:производот содржи соја и млеко. Може да содржи траги од кикирики,  јаткасто овошје и сусам

Нутритивна вредност100 g/r
Енергија1436.6kJ / 342kcal
Масти5g
од кои заситени2.5g
Јаглехидрати46 g
од кои шеќери33g
Влакна11.5 g
Протеини22.5g
Сол 0.6g
Глутен<20 mg/kg
22.5g

"ПРОТЕИНИ"


11.5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


2.5g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Кокосово масло

Кокосовото масло се екстрахира од кокос и содржи високо количество масни киселини кои го поттикнуваат согорувањето на мастите, го обезбедуваат телото со брза енергија, го покачуваат добриот HDL холестерол и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви заболувања.

Мача

Мачата е зелен чај во прав. Бидејќи е создадена од листовите, богата е со антиоксиданти наречени полифеноли, кои штитат од срцеви заболувања и рак, како и подобро регулирање на шеќерот во крвта, намалување на крвниот притисок и против стареење.

Темно чоколадо

Чоколадото е десерт направен од какао зрна. Богат е со минерали, масти и јаглехидрати. Посебно е корисен бидејќи содржи полифеноли и ендорфини, кои го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот.

Протеин од грашок

Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.

Јавор

Јаворот е дрво од кое се вади сокот и се вари за да се производе јаворов сируп. Потребни се 40 литри на сладок јаворов сок за да се направи 1 литар од сируп. Богат со антиоксидантни, минерали и полифеноли.

Протеин од сурутка

Протеинот од сурутка е природна состојка, мешавина од бета-лактоглобулин, алфа-лактоалбумин, албумин и имуноглобулини. Бенефициите вклучуваат редукција на тежина, регулација на холестеролот и синтеза на мускулна маса.

Какао

Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.

Коментари

Не постојат коментари

Бидете први да оставите коментари “Протеинско топче со темно чоколадо”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *