Протеински крем со кикирики и какао

natural, nosugaradded, healthydessert, cocoataste, peanuts,

Не мора да спиете за да сонувате убави нешта. Овој сладок намаз е направен од кремаст путер од кикирики во комбинација со нискомаслено какао и малку сол.

Кол

Share

Facebook

Не мора да спиете за да сонувате убави нешта. Овој сладок намаз е направен од кремаст путер од кикирики во комбинација со нискомаслено какао и малку сол.

Додадовме малку стевиа (нискокалоричен природен засладувач) за да ја задржиме сладоста и го збогативме со протеини од грашок и наут за дополнителни здравствени придобивки.
Пробајте го во комбинација со банана, за појадок со омилениот перек, или грабнете ја лажицата и јадете директно од тегла!

  • Мазна текстура и богат вкус на какао
  • Веган/Посно
  • Без додаден шеќер
  • Извор на протеин
  • Без палмино масло
  • Богато со растителни влакна

Состав:

путер од кикирики (печени кикирики, хималајска сол), хидрогенизирано растително маслo (шеа, канола и соја масло), засладувачи (изомалт и стевиол гликозид), какао во прав со намалена масленост, протеин од наут и грашок, емулгатор: соја лецитин. Прекумерна употреба може да предизвика лаксативен ефект

Алергени:

Производот содржи кикирики и соја. Може да содржи траги од останати јаткасти плодови, кикирики и млеко

Нутритивна вредност100 g
Енергија2806КЈ/668kcal
Масти46.3g
од кои заситени3.3g
Јаглехидрати30.2g
од кои шеќери4.8g
Полиоли14.6 g
Растителни влакна5.7g
Протеини21g
Сол0.1g
4.8g

"ШЕЌЕРИ"


5.7g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


21g

"ПРОТЕИНИ"


Протеин од грашок

Протеинот од грашок се добива со екстракција на протеинот од зрната. Одличен избор е за секој режим, бидејќи е веган и хипоалерген. Може да помогне во синтеза на мускулна маса, редукција на килограмите и срцеви заболувања.

Хималајска сол

Хималајската сол е природна алтернатива на готварската сол. Составот е натриум хлорид, но ги содржи и минералите калциум, калиум, магнезиум и железо кои носат здравствени бенефиции кон организмот.

Путер од кикирики

100% природен путер од кикирики, кој содржи само печени кикирики и хималајска сол. Претставува извор на витамини и минерали како што се Б и Е витамини и магнезиум, цинк, фосфор.

Протеин од наут

Протеинот од наут се добива од наут користејќи различни процеси на екстракција. Ги содржи сите есенцијални аминокиселини, освен метионинот, што го прави наутот одличен извор на растителни протеини.

Какао

Какаото содржи неколку минерали, вклучувајќи калциум, бакар, магнезиум, фосфор, калиум, натриум и цинк. Сите овие минерали се наоѓаат во поголеми количини и носат специфични нутритивни бенефиции.