Мусли со сирово јаткасто овошје

tasty, nutritious, balance, purenuts, natural, breakfast, healthyfood, rawislife,

Јаткасто овошје со целозрнести житарки како крцкав оброк исполнет со здрави масти, растителни влакна и протеини. Јаткастите плодови се неизбежен дел од човековата исхрана, како додаток во јадење исполент со Omega 3 масни киселини, витамини и минерали. Помагат во зајакнување на кожата, косата ноктите, зајакнување на меморија и концентарција.

Кол

Share

Facebook

Јаткасто овошје со целозрнести житарки како крцкав оброк исполнет со здрави масти, растителни влакна и протеини. Јаткастите плодови се неизбежен дел од човековата исхрана, како додаток во јадење исполент со Omega 3 масни киселини, витамини и минерали. Помагат во зајакнување на кожата, косата ноктите, зајакнување на меморија и концентарција.


Придобивки од користење на сирови јатки: Јатките кои не подлегнале на процес на термичка преработка со себе ги понесуваат сите нутритиенти карактеристични за плодот. Исполнети со хранливи материи без променета форма. Незаситените масти представуваат ессенцијален нутритиент во секојдневната исхрана за динамичен и здрав живот.


Препорачани дневни количини: Мусли Јаткасти плодови на Виталиа претставуваат одличен оброк со висок процент незаситени масти. При дневно мени од 2000Kcal се препорачува внес на 50-100g мусли јаткасти плодови.

Начин на подготовка: Потопете ги муслите во млеко, јогурт или растително млеко(бадем, кокос, соја, ориз), промешајте и уживајте. За љубителите на кремаст вкус додадете една блендирана свежа овошка во потопените мусли.

Нутритивни придобивки:
  • Снегулки од цело зрно
  • 17% сирово јаткасто овошје
  • 15% сирови семиња
  • Извор на протеини
  • Големо количество на растителни влакна
  • Погоден за Вегани
  • Без вештачки бои и ароми

Состав:

Овесни снегулки , крцкав мусли (овесни снегулки, кафеав шеќер, екструдиран ориз, гликозен сируп, палмино масло, пченично брашно, пченкарен скроб, емулгатор: соја лецитин, сол, арома), јаткасти плодови (орев, индиски орев, лешник, бадем), семиња 15% (тиква, сончоглед).

Алергени:

Производот содржи соја , глутен и јаткасти плодови. Може да содржи траги од сусам и кикирики.

Нутритивна вредност 100 g/г
Енергија1953 kJ/ 465kcal
Масти23.5 g
од кои заситени2.7 g
Јаглехидрати46.2 g
од кои шеќери8.6 g
Влакна 6.5 g
Протеини13.6 g
Сол0.3 g
13.6g

"ПРОТЕИНИ"


6.5g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


8.6g

"ШЕЌЕРИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Лешник

Лешниците содржат голема количина на протеин, растителни влакна, витамин Е, тиамин, фосфор, манган и магнезиум. Овие хранливи материи носат бенефити како што е зајакнвуање на коските и одржување на нервниот систем.

Бадеми

Бадемот е нутритивно богата јатка и е одличен извор на Б витаминхи, Е и минералите калциум, бакар, железо и цинк. Содржи омега -3 масни киселини кои помагаат во регулација на холестеролот.

Ореви

Оревите се особено богати со полинезаситени масни киселини кои го редуцираат ризикот од коронарна срцева болест. Тие се идеални за консумација наутро за зголемување на мозочната активност.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б и Е витамин. Исто така содржат фитостероли кои придонесуваат кон редукција на холестеролот.

Индиски орев

Индиските ореви имаат путерест, сладок и солен вкус со уникатен облик и одличен извор на витамини и минерали. Тука спаѓаат витамините Е, К и Б5 и минералите - бакар, фосфор, цинк, магнезиум и железо.

Семки од тиква

Семките од тиква се идеален додаток на секој оброк, посебно се богати до цинк и манган, кои одржуваат оптимално здравје, помагаат во заздравување на рани и подобруваат когнитивни функции