Take away Гранола мусли со јаткасто овошје

tasty, nutritious, exotic, vitamins, childrenfriendly, healthybreakfast,

Виталиа Гранола муслите со јаткасто овошје се добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома со мешавина од житни снегулки и јаткасти плодови. Засладени се со кафеав шеќери претставуваат значаен извор на диетални влакна.

Кол

Share

Facebook

Ние знаеме дека утрата ви се динамични, а денот ви е исполнет со голем број обврски. Истовремено истражувањата покажуваат дека се повеќе се зголемува свесноста за здрави прехранбени навики, а бројот на лица кои размислуваат во насока на менаџирање на внесот на балансирани хранливи материи постојано расте.
Токму во таа насока Виталиа ја разви новата линија на наменски здрави продукти со богат нутритивен профил која го следи трендот и потребите на модерниот човек.

Виталиа Гранола муслите со јаткасто овошје се добро избалансирана здрава храна со извонреден вкус и арома со мешавина од житни снегулки и јаткасти плодови. Засладени се со кафеав шеќери претставуваат значаен извор на диетални влакна.

Лесни и едноставни за подготовка само додадете 150 мл јогурт или млеко промешајте и Вашите омилени Виталиа мусли се спремни да ги консумирате.

Take away житните оброци на Виталиа се комплетен сет кој се состои од: Специјално дизајнирана пластична чаша со поклопец + Оброк од Виталиа мусли + Лажичка на прекршување (за промешување и консумирање).

Состав:

Гранола (овесни снегулки, кафеав шеќер, мед, растително масло (палмино и канола масло), гликозен сируп, емулгатор: соја лецитин, арома), суво грозје, јаткасто овошје(орев, лешник, бадем).

Алергени:

производот содржи глутен, јаткасто овошје и соја. Може да содржи траги од сусам.

Нутритивна вредност100g
Енергија1570.8kJ/374kcal
Масти 9.5 g
од кои заситени 3.3 g
Јаглехидрати63.0 g
од кои шеќери18.9 g
Влакна8.1 g
Протеини 9.0 g
Сол 0.5 g
9g

"ПРОТЕИНИ"


8.1g

"РАСТИТЕЛНИ ВЛАКНА"


3.3g

"ЗАСИТЕНИ МАСТИ"


Овесни снегулки

Овесни снегулки се нутритивни, разновидни компоненти на овесни каши и мусли. Тие содржат протеини, растителни влакна, витамини и други нутритиенти кои промовираат добра дигестија и оптимално здравје.

Ананас

Ананасот е високонутритивно тропско овошје, особено со витамин Ц и манган. Тој содржи бромелаин, мешавина од протеолитички ензими, која има посебна корист за здравјето на луѓето.

Банана

Бананите (без кора) се 75% вода, 23% јаглени хидрати, 1% протеин. 100 грама содржат 89 калории, 31% од препорачаните вредности на витамин Б6 и умерени количества на витамин Ц, манган, калиум и диетални влакна.

Суво грозје

Сувото грозје е сушено грозје богато со фруктоза и глукоза. Содржи антиоксиданти и танини, со ниско ниво на натриум и без холестерол.

’Ржани снегулки

Ржаните снегулки се пресиран рж, кој е житарица слична на пченицата. Содржи голема количина на растителни влакна, минерали -манган, фосфор, бакар и пантотенска киселина, сите неопходни за нормална телесна функција.

Урми

Урмите имаат одличен нутритивен профил. Тие се богати со растителни влакна и се одличен извор на витамин Б6, калиум, магнезиум, бакар, манган, железо. Овие нутритиенти помагаат во превенцијата на анемија.

Манго

Мангото е тропско овошје богато со фитонутритиенти-каротеноиди, полифеноли и ксантоиди. Овие соединенија се корисни за функцијата на очите, нега на кожата и регулација на крвниот притисок.

Папаја

Папаја е егзотично овошје посебно богато со витамин Ц, фолна киселина и витамин А. Пулпата содржи различни фитохемикалии, вклучувајќи каротеноиди и полифеноли.

Пченка

Пченката е една од најпопуларните житарици во светот. Се состои од јаглехидрати, растителни влакна и протеин. Претставува одличен извор на манган, фосфор, магнезиум, цинк и бакар.

Семки од сончоглед

Семките од сончоглед се богат извор на протеин, растителни влакна, Б и Е витамин. Исто така содржат фитостероли кои придонесуваат кон редукција на холестеролот.