Управување со квалитет& Сертификација

Виталиа успешно ги има имплементирано следниве страндарди HACCP, IFS, BRC, ISO 9001:2008, SA 8001:2008, RSPO (Повеќе информации на www.rspo.orghttps://www.rspo.org/members/3676/Vitalia-Nikola-ltd)
KOSHER, HALAL и ORGANIC BIO Cert, со што претставуваат уште еден доказ за посветеноста на компанијата за градење на доверба кај своите клиенти.

Квалитетот е од суштинско значење кога станува збор за компанија која произведува здрава храна. На секој од нашите внимателно избрани клиенти им даваме строга и детална спецификација за квалитетот на секоја состојка, вклучувајќи ја големината, текстурата, бојата, содржината на влага, микробиолошката анализа, типот на пакување и барањата за транспорт.

Штом суровината стигне во нашата фабрика, гаранцијата за квалитет продолжува со испитување на примероци од секоја испорака според нивната спецификација. Тестот за квалитет на состојките се изведува во текот на преработката и, особено, пред мешањето, каде што состојките се темелно и целосно проверени. Во текот на обработката, резултатите од инспекцијата се евидентираат и анализираат со цел да се утврди дали спецификациите на состојките на клиентот се одржуваат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *