Language

School during the pandemic – how to maintain a strong immunity in your children?

Home / nutrition / School during the pandemic – how to maintain a strong immunity in your children?

School during the pandemic – how to maintain a strong immunity in your children?



На децата им е потребен одличен систем за поддршка додека ги држат своите остри умови на училиште. Таа поддршка доаѓа од нивните семејства, нивните наставници – и од нивниот имунолошки систем! Со почетокот на учебната година и пандемијата на Covid-19, сега е особено важно време за имуниот систем на вашето дете да биде силен и функционален.

Стрес, недостаток на сон и недостаток на витамини и есенцијални микронутриенти се само неколку аспекти на нашето здравје што можат негативно да влијаат на имунолошкиот систем. Иако не постои единствено решение за зајакнување на имунитетот, постојат многу здрави избори на храна што можат да ја подржат функцијата на имунитетот на долг рок.

Започнувањето на денот со протеини, овошје и здрави масти и ограничување на шеќерот е од витално значење за здравиот имунолошки систем (и за учење и внимание исто така!). Здраво и практично решение се Виталиа овесните каши кои се подготвуваат за само 2 минути со додаток на млеко, јогурт, вода или овошен сок. Тие претставуваат природен извор на растителни влакна кои ја подобруваат дигестија, а воедно збогатени се со 8 Б витамини кои се неопходни за одржување на мозочната функција и здрав имунитет.

За енергично утро на Вашето дете, препорачуваме овесна каша со чиа и карамел, со само 0.3g шеќери на порција, засладена со стевиа, природен засладувач.



Доколку вашето дете има желба за нешто крцкаво, слатко, а истовремено богато со растителни влакна и збогатено со калциум и магнезиум, подгответе му појадок од крцкави мусли. Формулирани од различен тип на овошје и достапни во 5 различни вкусови, овој појадок ќе донесе здравје, енергија и насмевка на лицето на Вашето дете.
За ужинка, наместо класични чоколатца, внесете во исхраната на Вашето Дете сирови плочки, без додаден шеќер и глутен, а истовремено вкусни и на база на урма. Токму такви се Raw Bars, кои содржат над 80% овошје и зеленчук се минимално преработени што значи дека ги содржат сите оригинални ензими и хранливи материи за комплетна заштита на имуниот систем.

Надополнете го нивниот “lunch box” со зелено лиснати зеленчуци ( спанаќ, блитва, марула, рукола) подготвени во комбинација со семиња од сончоглед, тиква, чиа како и јаткасти плодови ( бадем, лешник, орев). Овие семиња и јатки содржат омега-3 масни киселини кои научно е докажано дека помагаат во борбата со инфекции кај децата, помагаат во природниот детокс процес и ја подобруваат когнитивната функција.

Освен балансирана исхрана, охрабрете го детето да е физички активно и направете ја физичката активност забавен настан за целото семејство. Пешачењето, спортските активности и возењето велосипед можат да помогнат во елиминација на бактериите од белите дробови и дишните патишта, да ја подобрат циркулацијата на антителата и да го намалат ризикот од инфекции и болести.

За крај, мотивирајте ги Вашите деца редовно и темелно да ги мијат рацете, користејќи сапун и вода. Не заборавајте да ги дезинфицирате и предметите што ги носат на училиште, како што се ранец, книги и самата облека.

Recomended products

Crunchy Muesli With Banana & Chocolate

375g - 600g
Click for more

Chocolate Oatmeal

55g
Click for more

RAW BAR With Red Fruit & Beetroot

30g
Click for more

Recomended products

Crunchy Muesli With Banana & Chocolate

Chocolate Oatmeal

RAW BAR With Red Fruit & Beetroot