Јачменовите снегулки се природна и здрава храна без адитиви или конзерванси. Тие изобилуваат со хранливи материи типични за јачменовото зрно, како што се: јаглени хидрати, витамини и минерали. Без додаден шеќер. Јачменот е една од најраспространетите житни култури, а е хранлив и исклучително лековит како пченицата.
Со својата биохемиска содржина е на второ место во однос на другите житарки, додека ги победува со некои други карактеристики. Јачменот содржи 35% незаситени масни киселини , што не е случај со ниту една друга житарка.
Богат е со витамини (А, Б, Д, Е), особено Б12, кој го нема во производите од растително потекло; минерали (калиум, фосфор, магнезиум, калциум, натриум, сулфур, железо, манган, бакар, цинк, кобалт, јод); јаглехидрати 73,4%; протеини 11%; масти 1,8%, ензими и други состојки.
Предлог за сервирање: истурете 4 лажици снегулки во сад и додадете 250-300 мл јогурт, млеко или чај. Консумирајте по 20 минути.