Кои сме ние
Виталиа Никола ДОО е компанија за производство и продажба на здрава храна со општа намена за снабдување на домашните и странските пазари со природни и високонутритивни производи со одличен квалитет и прифатлива цена која одговара на денешниот здрав животен стил.
Компанијата, која работи од 1993 година, динамично расте, се подобрува од година во година и се наоѓа во водечка позиција на македонскиот пазар за здрава храна.
Што нудиме
Палетата Виталиа нуди изобилство на вкусни идеи за многу варијации на здрава храна – диетални производи, житарици, производи од соја, растителни пијалоци/алтернативи на млеко, цели зрна и семиња, нерафинирани масла, природни засладувачи, производи со ниско ниво на масти и додатоци во исхраната.
Сите области на компанијата, од производство до продажба, имаат заедничка цел: да обезбедат целосна, индивидуална услуга за нашите потрошувачи. Флексибилни производни единици, кратки рокови за испорака, сигурен транспорт се само неколку од услугите што ги нудиме на нашите клиенти.
Нашата визија
Ние никогаш не сме размислувале за продажба на нашите производи како еднонасочна улица. Редовната размена на информации создава повратни информации кои ни овозможуваат брзо да ги прилагодиме нашите производи за да ги задоволат потребите на пазарот и на потрошувачот.
Со потрошувачот како “мотивирачка сила” се прават постојани напори за подобрување и создавање на нови производи при што најважните предуслови се безбедноста, квалитетот, практичноста и иновативноста. Тоа, накратко, е мисијата и визијата на Виталиа.
нашето
видео
Нашиот тим
Нашиот тим се состои од високо мотивирани, посветени и страсни индивидуи, чие професионално искуство и знаење придонесуваат за голема продуктивност и практична реализација на добро воспоставената визија на Виталиа. Виталиа има повеќе од 250 вработени со полно работно време кои работат во осум сектори: Набавки, Производство, Продажба, Извоз, Развој на производи, Контрола на квалитет, Маркетинг, Сметководство и Технички оддел.
Управување со Квалитет
& Сертификација
Квалитетот е од суштинско значење кога станува збор за компанија која произведува здрава храна. На секој од нашите внимателно избрани клиенти им даваме строга и детална спецификација за квалитетот на секоја состојка, вклучувајќи ја големината, текстурата, бојата, содржината на влага, микробиолошката анализа, типот на пакување и барањата за транспорт.
Штом суровината стигне во нашата фабрика, гаранцијата за квалитет продолжува со испитување на примероци од секоја испорака според нивната спецификација. Тестот за квалитет на состојките се изведува во текот на преработката и, особено, пред мешањето, каде што состојките се темелно и целосно проверени. Во текот на обработката, резултатите од инспекцијата се евидентираат и анализираат со цел да се утврди дали спецификациите на состојките на клиентот се одржуваат.
Во одредени периоди го прилагодуваме рецептот на нашите производи; и затоа препорачуваме секогаш да ја проверувате листата на состојки, нутритивната табела и нутритивната декларација на сите наши производи пред да ги купите за да ги утврдите информациите за производот.
Нашите награди
- Во 2009 година бевме наградени со престижниот SUPERBRAND STATUS. Оваа награда ги признава предностите на брендот VITALIA во индустријата што ја покриваме и го рефлектира квалитетот поврзан со нашите производи. Исто така, оваа награда се однесува на доминацијата на пазарот, долговечноста, добрата волја, лојалноста на клиентите и прифаќањето на пазарот.
- Во 2013 година, Виталиа ја доби престижната награда 13-ти ноември од градот Скопје. Наградата беше доделена за проектот „5ка за здрава храна“ - проект чија цел е едукација на младите за здрава храна и водење здрав животен стил за наредните генерации. Оваа награда помогна да се постават темелите на Виталиа како општествено одговорна компанија со јасна стратегија за грижа и инвестирање во заедницата.
- Во истражувањето „Best Buy Award“ за 2014/2015 година, спроведено од швајцарската организација ICERTIAS, брендот Виталиа е оценет со највисока оценка од потрошувачите. Македонските потрошувачи ја избраа Виталиа за бренд што обезбедува најдобар сооднос цена - цена во категоријата „Житарки за појадок“.
- Два пати (2017 и 2019 година), Виталиа е избрана од реномираната швајцарска компанија ICERTIAS за компанија која нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар и е примач на престижната награда QUDAL – Quality MeDAL.
Нашите клиенти
Благодарение на нашите производи со врвен квалитет и високо професионални услуги, нашата продажна мрежа постојано расте.
Здравите производи на Виталиа се достапни за купување во сите земји од балканскиот регион.
Ние исто така извезуваме наши производи во ЕУ, САД и Канада.
Нашите клиенти се ланци, трговци на мало, продавници за здрава храна и аптеки.