Мусли | Take-Away | Тропикал

66.00 ден

Таке Away Тропикал мусли претставуваат оригинална мешавина на жита (овесни, р’жени и пченични), 35% егзотично тропско овошје: ананас, папаја, манго, урма, банана, кокос и суво грозје кои ви даваат тропска топлина секое ваше утро и 5% семки од лен и сончоглед.За нашите потрошувачи го одбравме најквалитетното тропско овошје од еколошките предели на Тајван кој го надополнуваат оброкот со природни витамини и минерали.

Тежина 90 g
Додадете производи од вредност над 850.00 ден во вашата кошничка за да добиете бесплатна достава.

Нема на залиха

2 Личности го разгледуваат производот во овој момент
SKU: 1050021 Категории ,
Опис

Ние знаеме дека утрата ви се динамични, а денот ви е исполнет со голем број обврски. Истовремено истражувањата покажуваат дека се повеќе се зголемува свесноста за здрави прехранбени навики, а бројот на лица кои размислуваат во насока на менаџирање на внесот на балансирани хранливи материи постојано расте.

Токму во таа насока Виталиа ја разви новата линија на наменски здрави продукти со богат нутритивен профил која го следи трендот и потребите на модерниот човек.

Таке Away Тропикал муслите се лесен и брз оброк, немаат додаток на шеќер и се погодни за диети и постење. Содржат големо количество на диетални влакна.

Take away Тропикал муслите се посен производ.

Лесни и едноставни за подготовка само додадете 150 мл млеко или јогурт, промешајте и Вашите омилени Виталиа мусли се спремни да ги консумирате.