Општи одредби


Виталиа ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код) или се користат со писмена дозвола од носителот на авторските права и на носителот на правата за трговски марки и / или дизајн. Секое копирање, дистрибуција, пренос, објавување, поврзување, длабоко поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Виталиа е строго забрането. Прекршување на општите услови за употреба можат да доведат до покренување на граѓанска постапка и/или на гонење против сторителите за прекршување на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.

Виталиа ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

Виталиа може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)


Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.vitalia.com.mk, со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски материјали или материјали со навредлива содржина.
Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и ќе се користат за маркетинг и комерцијални цели. Во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Согласно нашата политика за заштита на приватноста, личните податоци ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Офицер за заштита на лични податоци: Марија Стојанова.
Контакт мејл адреса: marijas@vitalia.com.mk

Врски (линкови) кон други веб локации


Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите

Кориснички блог


Виталиа го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив.
Сите инфорамации во врска со трансакцијата на купувач – онлајн продавницата на Виталиа, се сметаат за деловна тајна и се третираат согласно законските прописи на Република Македонија.

Google Analytics


Ние користиме Google Analytics на нашата веб-страница. Google Analytics е услуга за веб-анализа која ја оптимизира употребата на нашата веб-страница. IP адресата, која е пренесена од вашиот прелистувач преку употреба на Google Analytics, не е комбинирана со други податоци од Google. Како дел од системот за следење на Google, исто така, ќе бидат пренесени информации за производите што сте ги нарачале.

Податоците испратени од нас и поврзани со колачиња, идентификатори на корисници и рекламирање ИД ќе бидат избришани автоматски по 36 месеци. Повеќе информации за условите за користење и политиката за приватност може да најдете на https: / / https://www.google.com/analytics/terms/us.html и https://policies.google.com/.

КУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА


Креирање на налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци. Селектирајте производ или услог и продолжете кон кошничката водени од инструкциите на екранот.

Избор на производи

Производите можете да ги прегледате според тип категорија или функционалност. Со селекција на одредена категорија и подкатегорија и функционалност ги добивате производите само од таа категорија и со специфичната функционалност.

Содржина на кошничката

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за кошничка, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи избрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или да го зголемите нивниот број.

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа кошничката да кликнете на копчето за “ПРОДОЛЖИ КОН ПЛАЌАЊЕ” за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е да одберете адреса на испорака, и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето.кое се врши со платежна картичка.

Плаќање

Плаќањето е исклучиво со VISA EC/MC или Maestro картичка.
Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се со клик на полето “ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ”. Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за кошничка.

Достава

За повеќе информации погледнете во Дистрибуција.

 

РЕКЛАМАЦИИ


Откако ќе ја добиете пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот +389 2 3217 177 или да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата contact@vitalia.com.mk и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ


За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Во име на компанијата Виталиа се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите Купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно деловните пракси со цел давање квалитетна услуга.
На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.
Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на менаџерите од ИТ Секторот, на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Менаџерите од ИТ секторот за техничка подршка во групацијата Виталиа се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Податоците кои ги внесувате при плаќањето односно купувањето од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Комерцијална банка која е серфитицирана за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку безбедносниот протокол на банката со користење и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка.

ПОВРАТ НА ПРОИЗВОДИ


Производите се заменуваат само под условите пропишани во Законот за заштита на потрошувачите.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со платежна картичка, а без оглед на причината за враќање, Виталиа има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку VISA, EC/MC и Maestro, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.