НАШИОТ ТИМ ПОСТОЈАНО РАСТЕ!
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Виталиа, постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо. Ние секогаш бараме посветени професионалци кои сакаат да работат во динамично опкружување, посветени на ширење на зборот за здрава храна за здрави генерации. Известете не дали сакате да бидете еден од нив.
Тековни Огласи
Оддел: Маркетинг
Позиција: Маркетинг Асистент
Обврски и одговорности:
- Асистенција при управување на дигиталните платформи и комуникациски канали на компанијата
- Поддршка на маркетинг тимот во секојдневните административни и оперативни задачи
- Подготовка на маркетинг презантации
- Нарачка на маркетинг материјали
- Управување и ажурирање на базата на податоци на компанијата и системи на управување со односи со клиенти (CRM)
- Асистенција во организација и реализација на маркетинг настани, спонзорства и донации
- Асистенција при одржување на Виталиа веб страната
Квалификации
- Течно познавање на англиски јазик ( мин. B2)
- B категорија возачка дозвола ќе се смета за предност
- Развиени презентациски и комуникациски вештини
- Совесност, одговорност и самомотивираност
- Тимски дух, организираност и систематичност во работењето
Што нудиме:
- Пријатна работна атмосфера
- Млад, модерен и динамичен тим
- Платен превоз
- Обезбеден топол оброк
- Континуирана обука за надградување на работните вештини
- Тим билдинг настани
Корисни информации при аплицирање:
Доколку сакате да бидете дел од успешниот тим на Виталиа, постојано да го надградувате вашето знаење и сте подготвени да го прифатите предизвикот, испратете ни ја вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо. Во рамките на Вашиот тим, ќе добиете поддршка за професионално усовршување, пријатна и колегијална работна средина, платен превоз и обезбеден оброк.
Oддел:Производство
Позиција:Оператор
Добиј можност да станеш дел од големото семејство на Виталиа.
Во рамките на твојот тим ќе добиеш поддршка за професионално усовршување, како и пријатна колегијална и работна средина. Ви нудиме платен превоз и обезбеден оброк.
Одговорности
- Работа на линија за производство на барови (преса, ладилник, печка,пакерка и друга опрема)
- Оперирање со машината согласно работните упатства за безбедно ракување;
- Почитување и придржување кон процедурата за производство;
- Обезбедување квалитетен производ согласно НАССР системот и одржување соодветна хигиена во работниот простор;
- Професионално и безбедно ракување со машината
- физичка активност (постојано во движење, стоење, кревање на пакети, вреќи….)
Квалификации
- Завршено средно образование
- Дисциплина и мотивација
- Способност за тимска работа
Компетенции специфични за работното место
- Работа во смени